сo лoши свекици мoжнo ли е сaмo нa плин дa трoкирa? зaтoa штo нa бебзин дoбрo си вoзи.
Можно е. Таа и на бензин не работи најдобро, ама не се осеќа толку. Плинот е многу поосетлив кога има проблеми со струјата.
точно... некои стручњаци пресметале дек тоа “многу повеќе“ е до 20-тин пати полошо... по кој стандард, по која скала, по која мерка, незнам, ама факт е дека сите мали и минорни проблемчиња на бензин што можеби можат да се осетат, а можда и не, на плин итекако се осеќаат па на некои коли доаѓа и до точка да неможе да работи моторот воопшто на плин од толку многу лоши точки и проблеми...
и кога таква кола ке се погоди кај некој сивоња, како кај еден мој другар многу близок, едноставно неможеш никако да му докажеш дека колата не му е во ред, а не плинскиот уред.. па така тој истиот си отиде од плимонт испокаран со сервисерите, и ден денес (после 2,5 години) сеуште го вози неговото ауди А4 со сецкање на плин, цврсто убеден дека плинскиот уред (ловато на дизни) нечини а неговото пресвето А4 е безпрекорно...