^^ Проблемот со вентилите останува затоа што тие страдаат од повисоката темепреатура која се развива при согорување на плинот.
Што се однесува до оние возила со директно вбризгување, за нив е ТЕЧНА фаза затоа што уредите со течна фаза ги користат бензинските дизни за вбризгување на плин. Уредот е доста поскап поради пумпата за гориво која работи под голем притисок. На почеток првите уреди имаа проблеми токму со пумпата за гориво која знаеше да рикне и на 20000km. Тоа беше и причината што чичко Атанас не се осуди да монитра таков уред уште пред две години кога јас му напињав. Но сега не знам дали тие детски болести се прележани. Воедно со течна фаза на плин се добиваат подобри перформанси отколку со бензин затоа што при вбризгувањето на горивото се намалува работната температура на запалливата смеса од воздух и гориво при што истата зафаќа помал волумен по единица тежина. Тоа значи дека во цилиндрите собира повеќе запаллива смеса во споредба кога би се мешала со бензин. А тоа значи и помоќна експлозија. Кај обичните испарувачки уреди, поради дополнителниот волумен кој плинот како гас го зафаќа во запалливата смеса, практично се намалува работната зафатнина на моторот и затоа се губи од максималната моќност. Овој проблем делумно се решава со уфрлање на бензин наместо плин на одреден број циклуси/полнења, што плинскиот компјутер умее да го стори кога ќе осети дека на моторот му е потребна поголема моќност. Оваа можност која ја имаат сите модерни секвенти воедно е добра за намалување на работната температура на моторот при поглемо оптоварување.