Автор Тема: Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување  (Прочитано 174003 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Се согласувам дека тоа е малку чудно, уште почудно е што ако те застане полиција те третираат како регистриран, а ако имаш штета компаниите те третираат како неосигуран. :)
Многу Шефови, затоа.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6491
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Кола со истечена регистрација:
одиш на ризик до технички и ја оставаш таму да преноќи и се молиш тој ден да не ти ја закачи на паркинг некој оти џабе.  8)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Нема потреба од молење за паркинг. Осигурувањето е за трето лице, односно за ти ако нанееш штета на некого. Ако те гребе некој на паркинг тоа нема врска со регистрација или автоодговорност.


Моли се дента ти да не закачиш некого. :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Баш сега го гледав патничкото осигурување.
Заведен е на датумот кога тргнав на одмор, или требаше утредента да тргнам за да ми важи осигурувањето во случај не дај боже.

Кога ќе се каже (карикирам) од 5ти, важи и за самиот 5ти до 00:00.
Секое поинакво толкување е произволно толкување.

Регистрација на ново возило на денешен ден 04 09 2019 треба да се заведе дека важи до 03 09 2019.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43791
  • Il Moderatore
Се согласувам дека тоа е малку чудно, уште почудно е што ако те застане полиција те третираат како регистриран, а ако имаш штета компаниите те третираат како неосигуран. :)
Многу Шефови, затоа.
И треба да те третираат како регистриран, нема зошто да те третираат како нерегистриран. На сообраќајната си пишува „возилото регистрирано до:“, и репнат печат со потпис и датум до кога важи регистрацијата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Автоодговорност не важи на денот на вадење. Може да го вртиме како сакаме. Факт е тоа. И тоа многу важен факт за автомобилџии кои може некогаш да имаат незгода, да си знаат правилно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Се согласувам дека тоа е малку чудно, уште почудно е што ако те застане полиција те третираат како регистриран, а ако имаш штета компаниите те третираат како неосигуран. :)
Многу Шефови, затоа.
И треба да те третираат како регистриран, нема зошто да те третираат како нерегистриран. На сообраќајната си пишува „возилото регистрирано до:“, и репнат печат со потпис и датум до кога важи регистрацијата.
Проблемот не е до кога.
Проблемот е од кога.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2261
https://obnova-ao.triglav.mk/

Полисите, електронски можете ги обновите најрано 30 дена пред истекот. Доколку обновата ја правите по истекот на полисата, за почеток на времетраењето на полисата се смета датумот по денот на обновата. Во случај кога обновата ја правите година дена и повеќе по истекот на полисата, не следуваат редовните бонуси за обнова на полисата за автоодговорност.

Toj со новиот џип од салон има право да тужи, гледано вака, напишано од Триглав. Мада, за каско може се други услови, не успеав да најдам во Општите услови за каско на Триглав.
« Последно менување: 04 Септември 2019, 12:27:21 pm balanar »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43791
  • Il Moderatore
Се согласувам дека тоа е малку чудно, уште почудно е што ако те застане полиција те третираат како регистриран, а ако имаш штета компаниите те третираат како неосигуран. :)
Многу Шефови, затоа.
И треба да те третираат како регистриран, нема зошто да те третираат како нерегистриран. На сообраќајната си пишува „возилото регистрирано до:“, и репнат печат со потпис и датум до кога важи регистрацијата.
Проблемот не е до кога.
Проблемот е од кога.
Јасно ми е е мене тоа, туку осигурителниве што се праат на тошо не ми е јасно :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1852
Дечки се вртиме во круг.

При прва регистрација, осигурувањето почнува да важи после 00.00 часот. Првиот печат на нова/увезена/долго нерегистрирана кола ти го ставаат денес на 04.09. осигурувањето почнува да важи после 12 ноќеска, значи од наредниот ден.
При втора и наредни регистрации, регистрирајте некој ден оред истек на регистрација и не се замарајте со ништо.

Се поинаку напрвено а притоа некој има штета буљаши ќе бидат осигурителните.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
https://obnova-ao.triglav.mk/

Полисите, електронски можете ги обновите најрано 30 дена пред истекот. Доколку обновата ја правите по истекот на полисата, за почеток на времетраењето на полисата се смета датумот по денот на обновата. Во случај кога обновата ја правите година дена и повеќе по истекот на полисата, не следуваат редовните бонуси за обнова на полисата за автоодговорност.

Toj со новиот џип од салон има право да тужи, гледано вака, напишано од Триглав. Мада, за каско може се други услови, не успеав да најдам во Општите услови за каско на Триглав.
Поентата е дека ако тужи со 100% сигурност ќе изгуби без никаква можност за друг исход. При консултацијата со адвокат ова детално ќе му се разјасни на „тужителот“, и така ќе се избегне секакво тужење.


Дечки се вртиме во круг.

При прва регистрација, осигурувањето почнува да важи после 00.00 часот. Првиот печат на нова/увезена/долго нерегистрирана кола ти го ставаат денес на 04.09. осигурувањето почнува да важи после 12 ноќеска, значи од наредниот ден.
При втора и наредни регистрации, регистрирајте некој ден оред истек на регистрација и не се замарајте со ништо.

Се поинаку напрвено а притоа некој има штета буљаши ќе бидат осигурителните.

Треба ова да е кристално јасно особено на автомобилски форум.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Ајде информативно.
Истечена полиса на 02 09 2019, па обновена полиса на 05 09 2019. Почнува да важи на 06 09 2019.
Но, претходниот ден не е удрен печат во сообраќајна од мвр.
Како ќе се третира возилото од страна на осигурителна компанија ако направи сообраќајка на 06 09 2019.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1852
Ајде информативно.
Истечена полиса на 02 09 2019, па обновена полиса на 05 09 2019. Почнува да важи на 06 09 2019.
Но, претходниот ден не е удрен печат во сообраќајна од мвр.
Како ќе се третира возилото од страна на осигурителна компанија ако направи сообраќајка на 06 09 2019.


Секој случај е различен и штети не се решаваат на форум, бидејќи секогаш има некое ама или нешто што е заборавено да се каже а многу значи.

Во твоето прашање немаш пишано дали возилото е причинител или оштетен, дали веќе има сменето дата на полиста за да удри печат во МВР или нема итн итн... сакам да ти кажам дека неможе да се одговори со "црно" или  "бело", посебно не во пример како што даде ти.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Датите беа произволни, само се надоврзав на претходните муабети на релациите мвр, осигурителна, дати...
Ме интересираше дали ќе се третира возилото како осигурано ако претходната полиса е истечена (три дена), а новата да е активна (наредниот ден од вадењето на истата), но од икс причини да недостасува само печат во сообраќајна од МВР.

Знам дека од МВР ќе бараат да се смени датум на полисата за да удрат печат.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Слушајте ги Калимеро и Дени што ви кажуваат, не пробувајте да најдете логика во тоа и да мудрувате дали е така, дали не е така, дали требало да биде на некој петнаести начин.

Некој решил дека е така како што ви кажуваат Калимеро и Дени, не можете да го смените тоа.

За ваше добро ви кажувам :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.