Мало освежување, времето уште не зеза ама затоа не ни пречи во собирање на потребни делови. Како што тргнал проектот цела книга со анегдоти може да се напише на крај, така и таа од вчера кога ги собрав седиштата, настан што се случи во 2 часот по полноќ некаде во државата ни наша

Него да не го тупам, @Darko MK5 ме освежи со ГТИ шепи од Голф 3, бидеќи бев во план да ги подобрам кочниците на голфот. Даре ако не кочат сметката од пластична хирургија тебе ќе ти ја дадам да ја платиш

Речиси на полноќ се тргна на службен пат синоќа и се набавија посакуваните седишта од Голф 3 ГТИ, заедно со 2 предни крила со држачите за браник од широкиот тип. Крилата се извадени од кола оригинал и не се скапани воопшто, ако не ми верувате прашајте го @Dark MK1 GTI којшто несебично се жртвуваше во доцните саати да дојде за експертско мислење заедно со @Rodjo (undercover член)




Слики од крилата немам оти Голф 4ка не собира комплет предни и задни седишта и крила од 2ка у багажник, така да ќе ги пофалам у нареден пост.