Здраво дечки, ајде еден апдејт на темата

Минатиот викенд го посветив на правење редовен сервис на колата иако немаше поминато повеќе од 300км со тоа уље сепак имаше пројдено година, така да промена на уље и филтер за уље, промена на анласер (стариот иако сервисиран си имаше мака па зедов друг). Исто така конечно е врзана серво пумпата и работи одлично, па сега имам серво и навистина го олесни возењето досега беше како камион да вртиш. Промент е термичкиот давач бидејќи претходниот иако нов реши да откаже послушност. Генерална проверка на колата и тоа е тоа, спремна и безбедна за возење.
Одамна беа порачани и стасаа во Минхен... но започна пандемијата па ги чекав долго време да дојдат во мои раце знакчињата.

Наместени се и праговите на колата.


И она што е најбитно, а ако мене не ми верувате може да го прашате
@andrej_111 колата се вози доста често и преку ден и навечер без никакви проблеми, има преубава вожња со тоа како се моментално подесени амортизерите и е навистина задоволство да се вози.


