Другари пак нешто работев па да не ве оставам без четиво.
Сега Лепотан од Цеца ја пее за бесплатно


Морам да го нарачам копчето за брзина за моторчето за парно внатре бидејќи за без клима и со клима биле различни, тек тогаш можам да ја завршам конзолата горе комплетно.
Денес вадев сончевиот кров целосно, бидејќи беше наместен без некои составни делови па на перење ми протекуваше по малку. Сега е комплетен плус додатно е наместено кедерчето околу платното што оди и ставено е платното внатре од плафонот.


Немам слика, наместени се и двата визири за сонце, ќе мора да ми верувате

Исто комплетирана е свирката, ја поврзав и ја тестирав, давачот за надворешна температура исто е поврзан. Едната лајсна од вратата е корегирана беше крива малку и наместени дел од знакчињата заедно со капачките на внатрешните фарови.



Да ја избањам викендов ќе опнам некоја подобра слика.