Автор Тема: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста  (Прочитано 9531 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Се решив да ја исфарбам внатрешноста на фаровите, благодарение на советот од MartinAlfista го отворив едниот фар, го извадив делот кој треба да се фарба и моментално се суши. Сега ми треба совет за нивното повторно затворање, фаровите се стаклени... одкако ќе го загреам повторно лепакот и ќе го наместам стаклото, ми треба совет со што е најдобро да ги поминам по работ, за да не магли и да дихтува добро, еве што имам на располагање па ако знај некој кое најдобро би дихтовало нека пиши





Првото е Silicon Lepenje i Dihtovanje MS, второто Ceresit SEAL-BOND-FILL и третото е од Wurth Лепи + Дихтува

Мислам дека Wurth - от е засушен и тешко дека би бил корисен, ама ако е најдобро од трите наведени ќе земам ново.

Слики на крајот, одкако ќе се склопи се.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #1 на: 26 Март 2016, 13:42:59 pm »
Се решив да ја исфарбам внатрешноста на фаровите, благодарение на советот од MartinAlfista го отворив едниот фар, го извадив делот кој треба да се фарба и моментално се суши. Сега ми треба совет за нивното повторно затворање, фаровите се стаклени... одкако ќе го загреам повторно лепакот и ќе го наместам стаклото, ми треба совет со што е најдобро да ги поминам по работ, за да не магли и да дихтува добро, еве што имам на располагање па ако знај некој кое најдобро би дихтовало нека пиши





Првото е Silicon Lepenje i Dihtovanje MS, второто Ceresit SEAL-BOND-FILL и третото е од Wurth Лепи + Дихтува

Мислам дека Wurth - от е засушен и тешко дека би бил корисен, ама ако е најдобро од трите наведени ќе земам ново.

Најобичен проѕирен силикон,немаш потреба од јаки лепила зошто обично се погусти и не дихтуваат баш најдобро,а од кога ќе исуши никој не го мрда више

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #2 на: 26 Март 2016, 14:06:38 pm »
Епа добро, што така ќе ги залепам со овај силиконот од сликата.

И уште едно прашање, со што да се исчисти сочивото на фарот без да се оштети ?

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #3 на: 26 Март 2016, 14:33:42 pm »
Провери ПП прво, а за чистење на сочивото само 96% алкохол и крпа или хартија што не остава ситни влакна или парчиња.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #4 на: 26 Март 2016, 16:14:59 pm »
Фала Мартин за советите, не успеав да го исчистам старото лепило, не се вадеше никако... па го загреав добро за да омекни и го вратив стаклото со силно притискање за да залепи колку што можи. И на крај целиот спој го излепив со тој зелениот (зелено е паковањето, а силиконот црн) силикон, кој е како жива гума.

Еве како изгледаше постапката, која е поприлично зафркната и бара многу внимание и пазење

Еве го фарот првично



За отворањето користев обичен фен и скалпер, прво го греев спојот на стаклото и пластиката, со што лепакот омекна и можеше да се сечи со скалпер, благодарност до Мартин за советот
 


Истружен делот од фарот кој треба да се исфарба со водена шмиргла и оставен да се суши



Потоа  исфарбан со црн мат спреј отпорен на температура, и ставен назад во фарот





Наместено стаклото






И на крај намачкан спојот со силикон за лепење и дихтување






Сега ќе го оставам до утре сабајле да се суши, па најверојатно тогаш ќе знам дали е добро сработено т.е дали ќе влегува вода во фарот и дали ќе магли. Се молам да нема ништо од тоа, зошто ќе ми го е*и ќефот максимално :D

Да напоменам дека оваа постапка ме кошташе, 3 400 денари  :-X Односно два половни фарови 50 евра(не ми се игра со мојте) и спреј 350 денари.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #5 на: 27 Март 2016, 21:36:40 pm »
После два цели дена дупење, мрзнење, вадење браници, поткрила, црнила во рацете и такви работи... еве што излезе од фаровите

Стандард



И исфарбани









Кефот огромен, расположен максимално.... се дури не зедов да ги отворам жмигавците, за да биди комплет. Едниот отворен без оштетувања, а другиот...







Нецели 2 минути на 200 степени(на интернет вела 8 минути на 250 степени, ама за фарови   ::) )

И така сега едниот жмигавец е црн(не е наместен, уште се суши), а на другата страна немам жмигавец, треба да купам друг и тој што ќе го купам ќе биди бел, а ми дојде салам преку гла и нејќам и страв ми е да се расправам уште со отворање... така да ќе видам шо ќе испадни на крајот, да преспијам еднаш  >:( >:(  ;D

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #6 на: 27 Март 2016, 21:47:24 pm »
Жмигавац торта.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #7 на: 27 Март 2016, 23:04:10 pm »
Богами  :D

Конечно комплетирана едната страна





Сега уште да се купи и собери храброст за другиот жмигавец  :)

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #8 на: 28 Март 2016, 01:02:32 am »
Не испаднало лошо, ме бендисва. Разлика во светење има или исто свети?
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #9 на: 29 Март 2016, 20:05:35 pm »
Незнам разлика дали има, не ми се штеловани... ко ќе ги дотерам ќе пишам како светат. Инаку душата ми излезе, фобија добив од фарој и жмигавци  ;D

Вчера зедов два половни жмигавци и едниот го отворив и исфарбав, а другиот си стој за резерва... конечно пред 1 сат ги комплетирав и смирив нерви, сега чекам да исуши добро силиконот, па да му удрам едно перење на колата и да видам дали ќе јават влага или вода негде  :-[









Дали би го правел ова пак ? Не ! Дали се исплати маката, времето и парите потрошени ? Незнам, уште не сум совземен салам  :D

Цена : Фарови 3 000 денари(пар), жмигавци 900 денари(пар), спреј 400 денари, силикон 150 денари... total 4450 денари  :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #10 на: 29 Март 2016, 20:09:48 pm »
со уште некој денар плус си можел да порачаш у најмала рака clear фарови или со лупа и ич да не се заебаваш со ова
иначе каков и да е силиконот му требаат барем 10 саати да исуши во целост,како што гледам тој слој ти што си го ставил,нека бидат 24 саати

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #11 на: 31 Март 2016, 01:29:34 am »
Магленките не ги прајш? ;D
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #12 на: 31 Март 2016, 10:55:18 am »
Druga kola jebote :) super. Za dihtuvanje na farovi ima specijalna lenta na 3M ali i so Wurth-ot si trebal, Obicen silikon za nekoe vreme kje pocne da se ljupi poso ne e bas postojan na temperatura i na voda.

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #13 на: 31 Март 2016, 11:21:17 am »
За 2-3 години ќе имаш сосема различна перцепција за ова што си го направил. Некои работи доаѓаат со годините.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Затемнување фарови - фарбање на внатрешноста
« Одговори #14 на: 31 Март 2016, 12:48:37 pm »
Така е ама мора да се помине и низ оваа фаза  ;D

Најубаво учиме од сопствените утки  ;D

П.с коректно изгледаат во моментов и на сликиве  ;D