Фала Мартин за советите, не успеав да го исчистам старото лепило, не се вадеше никако... па го загреав добро за да омекни и го вратив стаклото со силно притискање за да залепи колку што можи. И на крај целиот спој го излепив со тој зелениот (зелено е паковањето, а силиконот црн) силикон, кој е како жива гума.
Еве како изгледаше постапката, која е поприлично зафркната и бара многу внимание и пазење
Еве го фарот првично
За отворањето користев обичен фен и скалпер, прво го греев спојот на стаклото и пластиката, со што лепакот омекна и можеше да се сечи со скалпер, благодарност до Мартин за советот
Истружен делот од фарот кој треба да се исфарба со водена шмиргла и оставен да се суши
Потоа исфарбан со црн мат спреј отпорен на температура, и ставен назад во фарот
Наместено стаклото
И на крај намачкан спојот со силикон за лепење и дихтување
Сега ќе го оставам до утре сабајле да се суши, па најверојатно тогаш ќе знам дали е добро сработено т.е дали ќе влегува вода во фарот и дали ќе магли. Се молам да нема ништо од тоа, зошто ќе ми го е*и ќефот максимално
Да напоменам дека оваа постапка ме кошташе, 3 400 денари
Односно два половни фарови 50 евра(не ми се игра со мојте) и спреј 350 денари.