Епа еве после толку време прашување и дремење на форумов да го преставам и јас мојот миленик.
Се работи за Голф 5 1.9 ТДИ 105кс, 77kw 2004 произвоство.
Го купив лани Мај со 184 000 а до сега има 189 500. Колата е увоз од италија во 2012 и до 2015 возена кај нас. Во случајов јас сум 3 газда. Километражата според предходниот газда и според мојот механичар не е враќана споредбено во однос на состојбата на моторот.
Од опрема поседува:
- ABS
- ESP систем за пролизгавање
- 6 воздушни перничиња
- Автоматски двозонски клима уред "Climatronic"
- Електрично управување на предни и задните стакла
- Патен компјутер
- Мерач за надворешна температура
- Темпомат
- Радио CD/MP
- Трикрак управувач
- Прилагодување на управувачот по висина и длабина
- Прилагодување на предните седишта по висина и во лумбален дел
- Електрично прилагодување на ретровизорите со грејачи
- Централно заклучување + далечински управувач со селективно отворање на багажникот
- Предни светла за магла
Од опрема која ја нема а мене ми фали е:
- Сончев кров
- Греачи на седишта
- Некое убаво радио со навигација и со усб и аукс
- Светла од R-line верзијата
За аутото има 2 сета на гуми со фелни, зимски Сава 15ки со оргиналните фелни што идат и ЏенералТиер 17ки такоџе со фелни.
Додека е кај мене направено е:
- Редовен сервис со смена на уље и филтри на 184к кога ја зедов
- Сменет Сет потисна плоча со + замаец
- Средени четкици на анласер
- Земен нов акомулатор
- Земени 17ки фелни
Дополнително планира да се прави:
- Нов редовен сервис за уште 1000км
- нарачана Revo налепница која се планира да се монтира на возачката врата доле лево
- нарачани хромирани рачки од кај чика али
- смена на копчињата за прозорите со хромирани (моменталните се малце излуштени)
И сеа сликите (од внатре немам, кога ќе ја средам подобро ќе турам):
1. Ова е од кога ја зедов:
2. Сас новата фелна
И две три "уметнички слики"