Ок, да почнеме со новостите или да кажам ајдемо даље моја туго.
Додека се чека ентериерот почнав да ги средувам ситниците кои мене ми сметаа и кои ако ги оставам како што се ќе ги знам секојпат кога ќе ја возам колата и ќе одат на нерви
Прва работа на листата, колата дојде со клуч за палење кој што не работеше со бравите на вратите... донекаде ќе каже човек со централно не ти ни треба да работи, ама едно што централното е од тие кинеските афтермаркет друго што незнам кој и кога го врзал ама нешто влечеше струја и ако колата е заклучена тогаш ќе ја отклучиш само ако си остроумен.
Така да започна процесот на вадење на кинезаријата и може гратис да им го вратам назад.
И ова е резултатот од кинеските шпагети.
Следно се фатив за цилиндрите од бравите како што спомнав, имав неколку цилиндри резерва па решив да ги растурам за да можам да искомбинирам да работат со клучот од бравата за палење. Немам слика како беа растурени од причина што беше премногу бавна и валкана работа од маста за подмачкување кои ја имаа. Она што е битно тука е дека успеав двете страни да ги средам да работат на ист клуч.
Е сега, централниот систем кај Корадото... оној фабричкиот работи на принцип на вакум, со тоа што на самата рачка од врата има прекинувач кој во зависност од состојбата или пушта плус или пушта минус и преку вакум актуатори на бравите отклучува или заклучува. Кај мене на двете врати беа исечени каблите од рачките, ги прелемив и пробав да тестирам дали работат т.е. дали сега веќе фабричниот систем за заклучување работи или не само за да откријам дека годините и претходните оштетувања на истите си го земале данокот. Затоа сега се нарачани нови рачки кои изгледаат вака.
Втората работа која е поврзана со инсталација/струја и мораше да ја средам е што ми гореше осигурач кога пуштав бришачи, Даре правеше тест само за да откриеме дека моторчето од бришачите е изгорено. За оние од вас кои знаат дека Мекларен Ф1 носи ретровизори од Корадо, еве ви уште еден интересен факт, Голф 4, Бора, Ауди А3 од цирка 2000та година носат исто моторче за бришачите
Сега бришачите се средени, го чекаме
@Deno со ентерирот, ако секој што стигне до оваа реченица му прати ПП на Дено да побрза може у следните неколку недели да биде се готово