Со голема радост ја отварам темава.
Игор Стефановски ќе настапува во ETCC шампионатот 2016.
Минатиот викенд имаше тестирање на патеката Гробник во Хрватска, кое поминало одлично и покрај тоа што се одвивало на дожд.
Се склопиле коцките и сега ќе го имаме првиот претставник во ETCC, па да му држиме среќа и да посакаме да се повтори успехот од минатите 2 години.
Автомобилот со кој ќе се натпреварува е Seat Leon CUP Racer, подготвен од тимот LEMA Racing.
Во најскоро време започнуваме со дизајнот, па ќе пробаме дополнително да ја разубавиме убавицава.
