Што би избрале вие како возило до максимални 14.000 евра?
Условите што треба да ги исполнува се стандардни за Европа:
1. Да троши што е можно поефтино. Логично.
2. Да е што е можно поефтино за одржување. Логично.
3. Да е комотно за седење со убави седишта - барем напред.
4. Да има багажник од апсолутен минимум 350литри, за да може да се користи за патувања.
5. Да е тивко внатре и меко, затоа што ќе е единствено возило кое ќе се вози и на отворено.
6. Да не е постаро од 2011та, и да нема над 150.000км.
7. Да има темпомат, и алуминиумски бандажи, и MP3 читач како SD картичка или USB.
8. Да е со 4 врати.
9. Мануелен менувач, заради точка 2.
Огласите се земени од Мобиле.де, чисто за да се води некоја евиденција на понудата - да не зборуваме за фиктивни коли. Цените колку што гледам се грубо како на овие огласи. Инаку не значи дека од таму би се купила колата.
Некои од марките и возилата кои воглавном исполнуваат услови се:
-
Хонда Цивик 1.6 идтек. Се е исполнето, во кола со највеќе простор и најмал екстериер. Плус најекономичен мотор на планетава. Минус - најскапа.

-
Голф 7 1.6/2.0 ТДи. Помал багажник, другото е позитивно.

-
Ауди А3 S-line 1.6/2.0ТДи. Минус се поголеми километражи за таа цена.

-
Ауди А6 2.0/2.7 ТДи караван. Минус се потенцијалните давачки во иднина. Можно е да стане бунар за пари фрлање.

-
Форд Мондео 1.6/2.0 ТДци
Титаниум караван. Најефтино, најново, потенцијално најзачувано. Проверени мотори, нема можни скапи проблеми.

-
Шкода Октавија 1.6 ТДи. Доста нови, помалку километри, просторна.

-
Сеат Леон 1.6 ТДи. Поефтин голф.

Како би постапиле вие? Што друго би разгледале? На кои возила би обрнале повеќе внимание? Кога би земале кола за вас, со ваши пари, а не само да е најголемото - најсилното и потенцијално најскапото. Како би ги рангирале возилата?
Од новите возила на располагање се само бензинци за таа сума кои може да се растрошни, и со доста ниска опрема.
http://www.carclub.mk/2013/06/20/test-skoda-octavia-1-2-tsi-105-ambition-dominantno-dobra/Цена на тестираниот модел: Skoda Octavia 1.2 TSI 105 Ambition – 14.690 Евра
http://www.carclub.mk/2014/03/21/test-volkswagen-golf-1-2-tsi-trendline-voved-vo-golf/Цена на тестираниот модел: Volkswagen Golf 1.2 TSI Trendline – 14.990 Евра