Има вибрации на моторот, од 1000 до 1300 РПМ.
Накај замаец ми оди работава. Чекам од постручни од мене дефектажа.
Како што реков, така и излезе работата, замаецот дефинитивно тропал, еве некои слики
од демонтажа на мењач, замаец....

Мора да се спушти цел преден трап

Се откачуваат полуосовини, долни рамења, горни се олабавуваат, и уште многу други работи...

Потисна, ламела и друк лагер биле нови, ама замаецот бил веќе отиден.


Замаец сменет, потисна истата, ламела нова, пошто старава е странично јадена, друк лагер ист.
У меѓувреме пронајдено течењето на течноста за серво волан. Цревото било дупнато,
денес оденсено кај ЦРЕВАР

, ќе го репарира, и одиме на монтажа.