Тоа што ова е форум за автомобили, не значи дека треба да организираат вакви возачки тури. Претеризам е.
Секој кој што дошол тука, најмалку го интересираат возила, возење, формула, врц, проекти, перење, фарбање, сервиси, промена на резервни делови....
Она што е битно на форум од ваков тип е да се споделуваат искуства за кафани, храна, кој какви патики си купил, што музика слуша, кој филм го гледа, каков саат си купил, дали му сецка ајфонот, дали дише гмо воздух итн.
Во недела треба да биде убав денот, наместо да се собереме заедно на пикник во градски парк покрај езерцето и да си размениме шнитови за пуловерчиња, ние ќе се затвориме во колине и само арч ќе правиме на домашен буџет
