дечки, вака е работава накратко... Прво се гледам со жена му, која наводно ја возела Хондата, она се прави дека незнае ништо да каже за колата, ни дека бензин не става, и кога ја побарав сообраќајната ми вика дека ја нема?! Јас во чудење и викам со која смелост тогаш ја вози колата без сообраќајна, на што она нешто безвезе ми одговара... На отварање совозачка врата, во вратата ја препознав сообраќајната заедно со сервисната и упатството. И кажувам дека сепак е тука и прашувам дали може да ја видам. Сообраќајната гласи на НЛБ лизинг и е нова со само два печати. Си мислам зашто е нова кога на старите имаше место за 6 регистрации а колава е со прва регистрација ноември 2011. Сервисната е со сите сервиси кои под лизинг мора да се прават во овластен со тоа што третиот сервис на 30 000 беше скокнат и упишан беше 4 на 40000.
Фактурите за направени сервиси несакаше да ги донесе...
Како и да е, тој наводно се откажа од продавање денеска, така да ако имате некоја слична у предвид кажете ми пошто ептен ми се допадна колата и концептот.
Тоа е, ако имате прашања тука сум
