Од што беа разочарани apple корисниците, само 1 милион го купија првиот ден. А револуционерната четворка мислам дека ја купија во околу 600.000 примероци 
Apple е толку голема и моќна компанија што можи да си дозволи и 1 милион телефони сама да си ги купи.
Но едно не можеше да спречи - падот кој се случи на нејзините акции.
Тој пад се случи благодарение на неговиот нов изум 4С.
Затоа го прашав осмица, зошто не излезе ајфон 5?
Ако веќе немаа намера воопшто да го вадат, тогаш можеа да ги демантираат најавите дека излегува ајфон 5.
Е сега да ви кажам мое мислење зошто не излезе ајфон 5.
Кога излезе ајфон 4 тој беше најдобар на пазарот.
После него илезе Галакси 2, кој е подобар од него. Заслужено си ја доби наградата за телефон на годината.
Од ајфон мораа да преземат нешто, односно да не им се случи за прв пат да извадат нов телефон на пазарот, но иако нов веќе да биде послаб од некој неколку месеци излезен пред него.
Кога увидоа дека не можат туку така лесно да го победат Галакси 2, во последен момент мораа да го избегнат најголемиот срам во нивната историја, и новиот ајфон 5 кој не го демантираа до последен момент, да го прекрстат во ајфон 4С.
Како резултат на таа лоша политика и нивниот лош напредок на технолошки план во однос на Самсунг, им се случи падот на акциите.
Сега мора да работат само на една работа. Да извадат нов ајфон 5, кој МОРА да биде подобар од година и нешто постариот Галакси 2.
Додека Самсунг, можи мирно да си чека, да си гледа сеир.
И онака тој ќе го има следниот потег. Со според мене Галакси 3.
Еве ви една мала приказна. Кој како сака нека си ја протолкува. Времето ќе покаже.
@Deni
Какво е чувството кога твојата омилена компанија од која си заслепен, за прв пат вади телефон, додека на пазарот веќе постои друг кој е постар и подобар?
