Веле купечки H&R spacers по модел и мотор на возило со дополнителни штрафови за истите.
Не би импровизирал кога е тркало во прашање.
Егзекли.
Не е исто 15 или 25 мм од H&R, и од мајстор у Драчево.
Јас кога гледав H&R за Лансерот, солидна цена имаа дистанцерите (чинам преку 300 долари, малтене колку спиралите). Не би имал комплетна доверба во тоа дека некој за (карикирам) 100ина евра ќе ми изработи дистанцери со ист квалитет и ќе ми гарантира за нив.
Мајсторот од драчево е препорачан со високи оценки. Има направено над 100 пара дистанцери без никакви поплаки од муштерии. Цената му е од 1300 до 1500 денари по дистанцер, плус јас да си го платам материјалот.
Од Ebay цените се движат од 8.000 до 12.000 за 4 дистанцери од 15 до 20 мм.
Инаку и тие од Ebay се од алиминиум, само што некој се анодизирани и малце поскапи. Нема посебна филозофија у производство на такви делови се додека имаш добра машина. Мајсторот од драчево обработувал и правел радилици во неговата радионица, така да дистанцери мислам дека би му биле лесна задача