До 4000 +- 200 евра македонско бензин може некоја Astra H да најдеш а дури испод 4000 можеш Цитроен Ц4 сигурно да земеш, е сега знам одма ќе скокнете француско, ем Цитроен ем Ц4, ем лесно да се продаде... ама тоа ми текнува на памет до таа цена македонско да биде, иначе странско ауди, бмв, мерцедес каков сакаш крш имаш да бираш.
ја имам и јас астрата во план,комшија ја има во караван изведба со 1.9 турбо дизелот,мислам дека не е лош избор,и веројатно брзо би ја продал.незнам бензинците како се по тоа прашање за продавање.на цитроените сум некако алергичен,иако имавме ZX 5-6 години.Другиот предлог,за ауди и слично,искрено нејќам да земам крш и да возам фамилија во него,пошто за 4000 е не се сима саглам кола од таа класа,туку барем дупло повеќе.
Што мислење имате за Мерцедес А класа?Барем за првата генерација препораките се строго дизел,никако бензинец.Ги гледам доста се возат,увезени нормално,па веројатно и лесно и брзо би можал да ја продадам без поголеми загуби.Може ќе речете мала е,имам седнато у провозено на кратко од првата генерација,лонге верзија,сосема солидна возачка комоција има.