Автор Тема: Проблем при палење Peugeot 206 1.4i  (Прочитано 8798 пати)

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Проблем при палење Peugeot 206 1.4i
« на: 09 Јануари 2016, 01:21:29 am »
Здраво на сите не седам мн често па мпжеби имал некој сличен проблем како мојот а немам забележано па отворив нова тема
Се работи за Peugeot 206 1.4 бензин 2007г има поминато 85к км при ладен старт претежно на утро кога ја палам цела кола треси едно 20-30 секинди варираат обртаите под 1000 и над 1000 и после се смирува ова го прави претежно кога е поладно на пример сега на +5 степени на утро не прави така помислив дека е некоја свеќица па ги сменив сите но ништо пред еден месец ми рикна акумулаторот па го ставив од др кола дали има шанса од него така да прави нејзиниот беше варта 55ah сo 600A стартна моќ а тој што го ставив е 52ah со 480А стартна моќ и кога треси доколку дадам гас колата гаси некако иди како пресисана мн мириса на бензин дали доколку се стави на дијагностика би покажало каде е дефектот или пак дали бомбината игра некаква улога овде ?
Се надевам некој имал некакво слично искуство или познавање што би ми било од корист
« Последно менување: 10 Јануари 2016, 09:16:37 am zeroSignal »

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #1 на: 09 Јануари 2016, 02:22:54 am »
Осетливи се тие мотори на свеќици,стави добри квалитетни свеќици и пробај пак,а тоа што ти мириса на бензин многу ти е отиден некој сензор 100% најдобро ќе ти биде дијагностика да си направиш.

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #2 на: 09 Јануари 2016, 14:15:37 pm »
Мислам добри свеќици ставив најскапи беа по каталогот што ми нудеа инаку ставив NGK као демек најквалитетни биле

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #3 на: 09 Јануари 2016, 15:16:13 pm »
клапната во каква состојба е?

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #4 на: 09 Јануари 2016, 15:19:55 pm »
Колку што знам немаат клапна или грешка сум

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #5 на: 09 Јануари 2016, 15:43:27 pm »
Здраво на сите не седам мн често па мпжеби имал некој сличен проблем како мојот а немам забележано па отворив нова тема
Се работи за Peugeot 206 1.4 бензин 2007г има поминато 85к км при ладен старт претежно на утро кога ја палам цела кола треси едно 20-30 секинди варираат обртаите под 1000 и над 1000 и после се смирува ова го прави претежно кога е поладно на пример сега на +5 степени на утро не прави така помислив дека е некоја свеќица па ги сменив сите но ништо пред еден месец ми рикна акумулаторот па го ставив од др кола дали има шанса од него така да прави нејзиниот беше варта 55ah сo 600A стартна моќ а тој што го ставив е 52ah со 480А стартна моќ и кога треси доколку дадам гас колата гаси некако иди како пресисана мн мириса на бензин дали доколку се стави на дијагностика би покажало каде е дефектот или пак дали бомбината игра некаква улога овде ?
Се надевам некој имал некакво слично искуство или познавање што би ми било од корист

Какво гориво користиш? Јас имав сличен проблем на мојот Colt од 2007г. со 1.3 мотор.
Користев бензин од Лукоил. Ставив 95-ка од Макпетрол и веднаш го снема проблемот. Уште еднаш пробав со Лукоил и ги добив истите симптоми за 2-3 дена.
Од тогаш користам исклучиво Макпетрол 95 или 100 октански, според расположение :)
Потпис.

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #6 на: 09 Јануари 2016, 15:48:25 pm »
Само макпетрол турам гориво последниов пат ставив 100ка ама не исчезна проблемот

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #7 на: 09 Јануари 2016, 16:17:46 pm »
Смени го филтерот за бензин, неможе да постигне кога е ладна и кога е под саух.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #8 на: 09 Јануари 2016, 19:43:01 pm »
Ja na klapnata sumjam, probaj iscisti ja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #9 на: 09 Јануари 2016, 21:27:43 pm »
ја велам мајстор... ако таа кола се вози на плин, ГАРАНТИРАМ дрка се бензински дизни отидени. не шприцаат како што треба, мочаат всушност, лошо согорување има, затоа мириса на бензин од ауспух... не примањето на гас при ладен мотор, точно тоа го покажува, едноставно премногу воздух ќе му влезе, а дизните неможат соодветно да испрскаат и ќе изгаси.

пробај со некој чистач на бензиски дизни, што се тура во горивото, извози 100-150 км само на бензин... ако и после прави проблем, иди на дијагностика...

да нагладам, АКО е на плин колата... ако не е, повторно е можно, но можно е и други работи да се, работи кои неможеш да ги решиш на форум...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #10 на: 09 Јануари 2016, 21:37:05 pm »
Секако ќе оди на мајстор како што оди работава инаку нема плин на бензин се вози

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #11 на: 09 Јануари 2016, 23:34:30 pm »
Јас се сомневам на сензор за температура на воздух/мотор. Не ја знам конфигурацијата на моторот и што сензори има, ама ако некој ваков сензор не си ја врши работата, многу честа манифестација е ваква работа на ладен мотор.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #12 на: 10 Јануари 2016, 02:00:38 am »
maf/map сензорот решава со количеството на воздух па по тоа прави смеса,тој за температура на воздухот не му игра многу
ја би типивал на сензорот што ја мери температурата на антифризот

Отсутен Steff_Maja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 188
    • FaceBook
Одг: Прпблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #13 на: 10 Јануари 2016, 02:12:39 am »
Провери го степер моторот на клапната. Кај Peugeot може и тој често да зеза.

https://www.youtube.com/watch?v=AScWSqBPnbI
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Genessis 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Проблем при палење Peugeot 206 1.4i
« Одговори #14 на: 18 Јануари 2016, 16:13:59 pm »
Таман мислев го решив проблемот денес повторно исто, инаку во четвртокот бев на дијагностика и појави грешка на клапната мајсторот ми рече дека можи да се има пореметено нешто со вадење на акумулаторот ја избриша грешката и требаше да се повози да видиме дали пак така ќе прави и не правеше се до денес утрово запали убо без никакво тресење ама по 8 часа кога си идев од работа пак го појави истото тресење и сега останува да се вади и чисти па ќе видиме дали ќе помогни и тоа.