Како го трошам резервоарот со V Power, прогресивно колата работи повеќе и повеќе немирно, погласно и речиси нерамномерно (Засега имам поминато околу 370 километри и потрошено пола резервоар). Денес, прв пат после 26к километри, застанат на семафор ми извибрира како мисфајр на некој цилиндар. Возено само градска и околу 50-60% од времето е тргни застани. Или ова гориво навистина чисти дизни, па затоа самата кола работи како што работи со сето ѓубре кое го чисти од нив и од самите цилиндри, или едноставно самите ефекти на горивото се такви.
Потрошувачката ми е помала за некои си 100/200 милилитри според борд компјутерот. Но, нема минус температури, побрзо достигнува работна температура самиот мотор.
Можеби за викендот ќе ја издувам малце околу 100ина километри, чисто да видам дали ќе има некакви промени.