Автор Тема: Mazda 323 спортски спирали  (Прочитано 12852 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #15 на: 02 Јануари 2016, 20:00:36 pm »
http://www.ebay.com/itm/AP-Federn-Springs-Tieferlegung-35-35-FS75-006-MAZDA-323-C-IV-323-F-IV-BG-/361301707628?hash=item541f428b6c:g:02EAAOSwBahVXKrP&vxp=mtr

Овие се за тебе. А и шипингот има фина цена. :)
Овие дефинитивно се интересна инвестиција! Благодарам што пребара за мене! :) Сега останува уште да се информирам колку ќе ме фати царина и данок.
15% царина + 18% данок, плус нешто ситно 200-300 денари поштенски услуги... Во цената за царинење и днок влегува цената со транспорт.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #16 на: 03 Јануари 2016, 00:46:43 am »
15% царина + 18% данок, плус нешто ситно 200-300 денари поштенски услуги... Во цената за царинење и днок влегува цената со транспорт.

Уште нешто - дали ќе пристигне пакетот во градот каде што живеам или ќе биде задржана пратката во Скопје на Царина? Каква е постапката за вакви пратки кои подлежат на царинење, а не се пратени преку DHL/ FedEx, кои редовно се задржуваат во Скопје и подлежат на давачки за лежарина?

Ти благодарам :)
« Последно менување: 03 Јануари 2016, 02:33:38 am 100ka »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #17 на: 03 Јануари 2016, 09:39:40 am »
Ќе помине царинска процедура на поштенска царина во Скопје, и ќе ти стигне во твојот град. Во сандаче ќе добиеш известување, кај мене на известувањето пишува и колку пари да си понесам со мене, и ќе си појдеш во твојата пошта и среќен ќе си ги земеш, и право на мајстор! :)
Нема додатни давачки и лежарина. До сега многу работи сум нарачувал за колите со поголема вредност, нема лежарини и задржување. Ама рачунај дека од германија пратка во МК стига за помалку од 7 дена, и од пошта центар до ѓорче им треба уште 7 дена :D :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #18 на: 03 Јануари 2016, 13:59:06 pm »

Ти благодарам многу Симо! :)
Значи, за следни нарачки, за да се испорачуваат на овој начин( инаку, причината поради која се ежам од DHL и FedEx e што два пати веќе се малтретирав наваму натаму за смешни пакетчиња и веќе се откажав од посериозни нарачки.), да ги добивам локално, треба да обрнам внимание само да не се преку некоја од споменатите брзи пошти, дали добро разбрав? :) Ќе разгледам и други работи од истиов продавач доколку се мине без проблем :)

Ви благодарам на сите друштво, ми помогнавте многу! :) Среќни празници на сите и кога ќе ја потсредам маздата ќе постирам во оваа тема некоја фотка.

П.С.- Нашата Македонски Пошти е пример за тоа како не треба да работи една пошта. Дури и од Кина до Македонија стига побрзо отколку од царина до кај мене дома :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #19 на: 03 Јануари 2016, 14:31:34 pm »
Нека не те плаши ако на ибеј видиш пратка од германија која се испраќа преку DHL, тоа е стандардна поштенска пратка. Оној ние што си го викаме „DHL“ (брзата пратка) е уствари DHL Express, и тоа кошта и повеќе пари и оди преку нивната шпедиција и царинење. Воглавно од e-bay, не оди преку DHL Express.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #20 на: 03 Јануари 2016, 15:26:14 pm »
Нека не те плаши ако на ибеј видиш пратка од германија која се испраќа преку DHL, тоа е стандардна поштенска пратка. Оној ние што си го викаме „DHL“ (брзата пратка) е уствари DHL Express, и тоа кошта и повеќе пари и оди преку нивната шпедиција и царинење. Воглавно од e-bay, не оди преку DHL Express.
Видиш и ова не сум го знаел, како ѓавол од темјан бегав кога ќе видев DHL :D Се на се, добив МНОГУ користни информации и од тебе и од другите дечки тука во темава, ви благодарам уште еднаш.

P.S.- Алфава во потпис има и чип тјунинг или засега е без? :) Се имам возено со 2.4JTD мислам, околу 200кс, ламја! Можам да замислам како е кога сето тоа е бензин варијанта и зачинето со прекрасен италијански боксер звук! :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #21 на: 03 Јануари 2016, 15:27:54 pm »
159 сеуште нема ремап, ама има план за еден novitec powerjet. Здравје само :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #22 на: 11 Јануари 2016, 05:03:19 am »
Најдов и 1.5 DOHC/ 115hp со менувач. Ќе правам и ремап на него ако се испадне во најдобар ред. :) Ќе легне убаво со новите спирали :)

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #23 на: 04 Април 2016, 19:27:23 pm »
Купено. Благодарност до @DarthJe5us

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #24 на: 04 Април 2016, 19:34:05 pm »
Се надевам не биле грешни податоците на огласот.  :-\

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #25 на: 04 Април 2016, 19:39:35 pm »
Не не, тој е моделот, BG F и C IV. Нема бегање :)

Не верувам германците да се како кинезите. Се е документирано внатре.
Инаку ме штавија 3000 ден нашиве. 2000 ден данок, 800 ден царина + 200 ден за партијата во заминување од власт.  >:(

Што да кажам - штитат домашно производство на овој тип на опрема. Целосно се согласувам со политиката на државава и едвај чекам да ја напуштам трајно  :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #26 на: 04 Април 2016, 19:42:01 pm »
Постирај слики кога ќе ги намонтираш. :D

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #27 на: 04 Април 2016, 19:43:28 pm »
You got it!
Штом ги направам сликите нема да заборавам да постирам тука.

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #28 на: 04 Април 2016, 19:52:35 pm »
Благодарност и до @Simo - Carrier159
што ме охрабри да ја направам нарачката. После 2 претерано лоши искуства со поштенски услуги во кои се споменуваат имињата FedEx и DHL, немаше ни да помислам повеќе да одам Скопје да се малтретирам за било што.
Но, како што и рековме - DHL има и стандардна интернационална испорака и пратката не беше задржана во испоставата на DHL во Скопје, каде што наплаќаат давачки за да имаат за плата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #29 на: 04 Април 2016, 19:58:19 pm »
Баш ми е мило што се заврши како што треба. Ај на кола, па слики :)