Автор Тема: Mazda 323 спортски спирали  (Прочитано 12855 пати)

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Mazda 323 спортски спирали
« на: 01 Јануари 2016, 17:16:34 pm »
Здраво друштво! :) Среќна Нова на сите! ;)

Овој е моделот



Ми требаат спирали (-20 до -30 мм) за Mazda 323 BG C IV 1993 hatchback 1.3i 54kW 16V. Ако треба и број од ларосерија можам да ви кажам. Висока е како џип, сакам да си ја потсредам.
Амортизери и ставив нови веќе Sachs. Спорали немаа од каде што нарачувам делови па затоа се обраќам тука ( по совет од пријател).
Сакам да ја доведам до оваа висина(незнам точно колку треба да се спушти, може совет)


Исто така - имам бандажи 14 (со зимски гуми), па барам и бандажи 15ки 4х100. Барам бандажи како на последната слика.


ОТ
Ако некој знае каде прават чип тјунинг кај нас, а да е со проба, нека ме советува и за тоа. Тука или ПП. Се извинувам за ОТ.
« Последно менување: 01 Јануари 2016, 20:32:48 pm 100ka »

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #1 на: 01 Јануари 2016, 17:54:04 pm »
Здраво.

Спирали тука за маздава тешко, да побараш тука на пример:

https://streetandcircuit.gr/


Би ти ги препорачал бандаживе, освен ако не ти смета што се 5.5J.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,18903.0.html


За чип тјунинг на овој мотор џабе ќе ги даваш парите, подобро со тие пари работи на усис/издув колку толку да живне. Инаку со проба прават во https://www.facebook.com/avtotek.elektronik?fref=ts

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #2 на: 01 Јануари 2016, 20:35:11 pm »
Оние бандаши на сликата (ако сакаш тој изглед да го добиеш) ќе да се 17“. Ако сакаш приближно како изгледот од погоре, минимум 16“-ки барај и тоа тро поширочки, 6.5“-7“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #3 на: 01 Јануари 2016, 21:48:35 pm »
Здраво.

Спирали тука за маздава тешко, да побараш тука на пример:

https://streetandcircuit.gr/


Би ти ги препорачал бандаживе, освен ако не ти смета што се 5.5J.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,18903.0.html


За чип тјунинг на овој мотор џабе ќе ги даваш парите, подобро со тие пари работи на усис/издув колку толку да живне. Инаку со проба прават во https://www.facebook.com/avtotek.elektronik?fref=ts

Здраво Игор, среќна Нова! :)

Каде има продажен салон Street and Curcuit? Би отишол до таму да видам што нудат. Инаку и половни спирали доаѓаат во предвид, па ако може да ме советува некој како да одберам модел што ќе одговара на мојот автомобил, би бил многу благодарен. Незнам кои параметри ги имаат спиралите, како им се ознаките, не сум упатен во тој дел. Сакам да ја спуштам Маздата, но не многу, а и да не се многу потврди спиралите. Претпоставувам ознаките за спиралите треба да содржат ифнормација за дијаметрите, должината, коеф.на еластичност и слично. Или ако има некаде на нет, еден линк, сам ќе прочитам да не замарам да ми објаснува некој.

Бандажите ги знам од огласи, читав на нет, многу биле нежни, кршливи, тој модел. Односно тие се супер, ама нас патиштата не ни чинат :/ А прво тие ми фатија око од сите во огласите на реклама5. Топ се, стварно лесни и лични се, не се лоши. Ама, ризик ми е за кај нас.

Инаку издув и усис имам ставено веќе. Сакам еден чип да видам дали ќе осетам разлика :) Или, уште повеќе би сакал да ставам мотор од 323F 1.8 ~130 кс. Истата шасија ја има тој модел со мојата, иста генерација, истите мотори одговараат. Само, незнам некој во мк да продава мотор и мајстор што ќе го направи успешно тој зафат. А мајстор сигурно има, само што јас не познавам( а треба да локален од каде што ќе го купам моторот...сложено многу :) )

Фала на информациите Игор!

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #4 на: 01 Јануари 2016, 21:54:53 pm »
Оние бандаши на сликата (ако сакаш тој изглед да го добиеш) ќе да се 17“. Ако сакаш приближно како изгледот од погоре, минимум 16“-ки барај и тоа тро поширочки, 6.5“-7“.

Сакам само дизајнот да е приближно тој тип, како со задебелени спици. МИ делува спортски и мислам ќе одговара на мојот автомобил, имајќи ја предвид неговата надворешност. Имам и 16-ки, 7", но автомобилот ми е нестабилен некако со нив. А може да е и до гумите... 205/50-16. Дали има шанса автомобилот да менува правец на нерамнини поради пре-ниско профилни гуми? Кога ги купив бандажите, на нив имаше некои кинески гуми, скоро пластични. Тие беа 205/45. Едноставно беа ужасни, вожњата претврда, сите дупки, мали големи- се се чувствуваше. А претходно (а и моментално) си возев на 185-65-14, BFGoodrich GForce Winter, и вожњата беше преудобна, НО, и управувањето многу прецизно и автомобилот многу стабилен. Споредено со нив, со 16-ка бандажите, иако им ставив други гуми, автомобилот не ми е сигурен. Како да лебди над патот, ми менува правец откако ќе променам лента... Дали може да е до тоа што самите гуми се ниски и доста крути, несоодветни за мојот автомобил, или може самите гуми да се дефектни нешто? Само поради тоа сакам да ги продадам моите 16-ки бандажи и да земам 15-ки бидејќи тие ќе имаат повисоката гума и се надевам ќе ги имам барем истите возни својства како со 14-ките кои моментално ги користам.

Благодарам :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #5 на: 01 Јануари 2016, 21:57:24 pm »
Со Street and Circuit ништо не бидна јас кога барав спирали, пошто си најдов по пониска цена од тука. Во комуникацијата ако не се лажам ми спомнаа дека имаат канцеларија/дуќан (не ми текнува поточно) кај белата кула во Солун.

Ако си од Скопје побарај тука, од време на време знае да улета по некој бандаж интересен. Цените им се по дијаметар така да можеш VOLK Racing да земеш за 200 евра. А зависи и кој продавач го прашуваш. ;D

Ова со моторот ти е најпаметна опција, 130 кс се фина бројка што нема да ја добиеш со чип на моменталниот мотор. :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #6 на: 01 Јануари 2016, 22:00:07 pm »
Toa што ти влече е издишана гума, може треба центрирање предница, или било лупнато па правено.


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #7 на: 01 Јануари 2016, 22:09:18 pm »
Ако мерак на колава имаш, големи финансии исто така за по јака и спортски да ја на направиш е ок.

Во спротивно продај ја старата и земи некоја со појак мотор.

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #8 на: 01 Јануари 2016, 22:20:32 pm »
Toa што ти влече е издишана гума, може треба центрирање предница, или било лупнато па правено.



Ова го проверив, центирарно ласерски, балансирани тркала, гумите сите во ред од тој аспект - пак менува правец откако ќе променам лента. ЗНачи, после одредено возење без менување правец од моја страна, значи без интервенција моја, автомобилот си држи правец. Но, доколку претекнувам автомобил, значи менувам трака, кога ќе преминам на другата автомобилот менува правец сам и морам да центрирам. Овој проблем го немам со другиот сетап - 14-ка бандажи и високи гуми. Гуми менав на 16-ките, но пак истиот проблем. Немам појма што е проблемот.

Инаку колата ја средувам од мерак, немам намера да купувам друга или да ја продавам.

Благодарам. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #9 на: 02 Јануари 2016, 01:15:54 am »
Ширината на бандашот, офсетот и нискиот профил, сите тие работи делуваат на управувањето. Воглавно пошироките гуми полесно ги следат нерамнините на асфалтот и повеќе „работа“ имаш со рацете на волан :) Нема врска со центрирање, лошо подвозје и удрена кола. Штом смениш пошироки гуми и бандаши, веднаш се приметува подиректно управување, повеќе риспонс врз воланот од неправилностите на асфалтот, поготово ако немаш серво на колата. Пробај со повисок притисок на гумите, не ги терај нископрофилните со ист притисок како и стандардните. Ако си преминал од 185/65/14  на 205/40/16, зголеми го притисокот барем за 0.4 бари.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #10 на: 02 Јануари 2016, 01:17:44 am »
На Ebay побарај спирали, мислам дека таму најлесно ќе најдеш ако не можеш во Грција.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #11 на: 02 Јануари 2016, 01:52:20 am »
Ширината на бандашот, офсетот и нискиот профил, сите тие работи делуваат на управувањето. Воглавно пошироките гуми полесно ги следат нерамнините на асфалтот и повеќе „работа“ имаш со рацете на волан :) Нема врска со центрирање, лошо подвозје и удрена кола. Штом смениш пошироки гуми и бандаши, веднаш се приметува подиректно управување, повеќе риспонс врз воланот од неправилностите на асфалтот, поготово ако немаш серво на колата. Пробај со повисок притисок на гумите, не ги терај нископрофилните со ист притисок како и стандардните. Ако си преминал од 185/65/14  на 205/40/16, зголеми го притисокот барем за 0.4 бари.
Токму ова сакав да го слушнам/прочитам :) Баш како што опиша,токму така. Многу повеќе "работа" имам со големите гуми/бандажи. А и откако сменав гуми и проблемот не се реши, помислив дека е поврзано со тоа, но неможев да знам бидејќи не сум имал возило толку лесно (~ 950кг) и да биде со толку широки гуми и големи бандажи. Си помислив дека е можеби и несоодветно, па помислив да ги заменам со 15-ки.  Едно што ќе поминам со поевтини гуми, бидејќи ќе бидат стандардни. Друго си помислив дека и ќе го решам овој проблем, за мене е сепак проблем. Ми делува малку ризично што морам цело време да пазам да не возилото го промени правецот, додека со 14-ките можам да го оставам и воланот додека минувам низ нерамнини и воопшто да не се плашам дека ќе изгубам контрола. Дали има влијание тежинскиот параметар на гумите(Load index) врз овој мој проблем? Дали доколку ставам соодветни гуми, потесни, еве да речеме 195/50 16, со што е можно помал индекс на носивост, ќе го решам овој проблем и ќе можам да ги задржам 16-ките? Фала Симо :)

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #12 на: 02 Јануари 2016, 01:57:05 am »
На Ebay побарај спирали, мислам дека таму најлесно ќе најдеш ако не можеш во Грција.
Дали знаеш некој продавач што испорачува до Македонија? Дали ако испорачуваат кај нас, мора секогаш да биде преку DHL или FedEx? Благодарам.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #13 на: 02 Јануари 2016, 03:12:17 am »

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Mazda 323 спортски спирали
« Одговори #14 на: 02 Јануари 2016, 16:49:27 pm »
http://www.ebay.com/itm/AP-Federn-Springs-Tieferlegung-35-35-FS75-006-MAZDA-323-C-IV-323-F-IV-BG-/361301707628?hash=item541f428b6c:g:02EAAOSwBahVXKrP&vxp=mtr

Овие се за тебе. А и шипингот има фина цена. :)
Овие дефинитивно се интересна инвестиција! Благодарам што пребара за мене! :) Сега останува уште да се информирам колку ќе ме фати царина и данок.