Ај да му одговорам на Рики, сега ја гледам темата.
Прво еве го огласот од мобилните, со слики од самите мобилни
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,18709.0.htmlЕдниот (HTC) го зеде Onak и еве нека кажи тој дали беше се како што му објаснав по пп или го заебав и него.
Е сега за Алкателот
1. Слики има во темата без и со маска, се гледа состојбата на мобилниот плус пошто се користеше и го доби со се силиконска маска и не беше изваден од неа не заприметив некакво поголемо оштетување а и немаше ништо посебно за да речиш сум те "заебал".
2. Еве ја порака од тебе :
- Druze za alkatelot ako biva na 1200 so moi trosoci za kargo,pod uslov ekranot da ne e greban :-)
- И мој одговор : Бива друже, ќе ти пуштам утре слики од екранот да се увериш дека не е гребен, има заштитна фолија на него и под неа нема ни гребка, а ни на неа. Како и да е ќе добиеш слики. Поздрав.
На што ти одговори
- Nema problem druze cim velis deka
nema grebnatinki,taman rabota do tolku da ne si veruvame :-) ,
bitno mi kaza deka raboti na site mrezi i gledam so nego 4gb memoriska...slobodno prakaj eve ti podatoci
Значи како што побара така и го доби, без гребнатинки на екранот, работи на сите мрежи и плус гратис меморска од 4 гига и футрола... комплет со полнач и документи како и кога е купен.
Дугмето за отклучвање работеше супер, мобилниот се користеше до последен момент пред да ти биди испратен по карго, џабе ќе се убедваме дали чинело или не, јас ќе тврдам дека во мене работеше како што треба, а ти ќе кажваш дека не ти работело... дали се оштетило при транспорт или тебе не те бива незнам.
Друго за акаунтот незнам што да ти кажам, сигурно можело да се најавиш и од твој акаунт ама не си знаел каде и како, тоа не е проблем со мобилниот туку со корисникот.
Мобилниот беше работен прво од брат ми кој го купе нов, па потоа од женската моја. Имаше нов дисплеј ставен пред 2 месеци кој ме кошташе 1500 денари, мемориската картичка 400 денари.... а ти го доби за 1 200 денари и сум те заебал.
Условите кои ги побара за мобилниот ти беа исполнети, како што побара така и беше, слики лично од мобилниот имаше и цената беше повеќе од фер. Ако уште мислиш дека сум те заебал, алал нека ти е.