Автор Тема: Помош за хомологација!  (Прочитано 2263 пати)

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 444
Помош за хомологација!
« на: 24 Декември 2015, 23:07:21 pm »
Луѓе на толку им имам тука помогнато членови па се надевам ќе помогне некој и на мене сега.

На кратко сакам да земам возило 2004 година форд мондео караван кое ќе си го возам за викендица и ќе се товари претежно

Е сега наидов на едно возило кое било увезено и за кое што е завршена целата постапка со извадена хомологација во Струга.
Човекот е исто така од Струга.Таблици нема извадено и не е регистрирано.Значи тука е прекатена постапката бидејќи човекот немал пари,или пак увидел дека возилото е некое скапано? :)
Дали ќе може тоа возило да се регистрира во Скопје и каде треба да се оди?Има ли врска што хомолагација и другите документи се правени во Струга,а не во Скопје

Дали пречи сето ова,и нормално дали може да се регистрира директно на пример во АМСМ или ќе мора да се оди по полиции,шалтери,мтв итн.

Благодарам форумџии и среќни празници

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Помош за хомологација!
« Одговори #1 на: 24 Декември 2015, 23:12:25 pm »
Хм... јас имав случај со увезено возило, требаше да се рег. Во ПСС бевме, хомологации, технички се ОК, ама ме ебаваше полицајката што беше таму. Земав документите, појдов во АМСМ, завршив работа. :)  Не знам дали е доволно ова за тебе, ама мислам дека не е некоја сложена постапка ако е од друг град.

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 444
Одг: Помош за хомологација!
« Одговори #2 на: 24 Декември 2015, 23:33:13 pm »
Хм... јас имав случај со увезено возило, требаше да се рег. Во ПСС бевме, хомологации, технички се ОК, ама ме ебаваше полицајката што беше таму. Земав документите, појдов во АМСМ, завршив работа. :)  Не знам дали е доволно ова за тебе, ама мислам дека не е некоја сложена постапка ако е од друг град.
Фала Спенсер.Ова моево мислам дека е редок случај и се надевам дека ќе наидам на некој кој имал вакво нешто.
Кај нас администрацијава е "бог да (не ја)чува" и колку пати само безврска постапки ќе не влечат,а после и самиот сум увидел дека не требале.

За чекање и влечење први сме си.И ако ги имам овие одења и чекања бидејќи ми е кратко времето,нема ни да го земам возилото.Ништо ако знае некој повеќе нека пише.


Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Помош за хомологација!
« Одговори #3 на: 24 Декември 2015, 23:56:21 pm »
А зошто не го регистрирате во Струга, па уште еднаш во Скопје?
Затоа што, колку си сигурен дека целата постапка е завршена, и останува само една регистрација (кај и да е).

Да не нема добиено согласност од метерологија, па затоа да е прекината постапката за хомологација?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17594
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош за хомологација!
« Одговори #4 на: 25 Декември 2015, 00:31:34 am »
Ова чинам е едно од оние возила „...до регистрација“. Како што опиша Димитар, постапката за хомологација е целосно завршена, само треба колата да се регистрира.

Предлагам следно решение, а тоа е со газдата да извадите пробни таблици во Струга, а ти потоа да си извадиш редовни во Скопје. Причината за вакво решение е што доколку се е во ред со документацијата, ќе може да се извадат пробни таблици, аналогно на тоа ќе може и редовни. Доколку не е во ред, ни пробни ни редовни нема да може да се извадат.

Предложи му го на газдата ова решение, без објаснувањето зошто сакаш прво пробни па редовни.

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 444
Одг: Помош за хомологација!
« Одговори #5 на: 25 Декември 2015, 01:24:59 am »
Вака проблемот е што правам ограда во викендицата и еден потпорен sид и не сум во можност да одам до Струга.Па поради тоа му реков он да дојде до Скопје.Веројатно има пробни таблици,па гледам да си ја скратам процедурата.

О.к најубаво да одам утре и да прашам во автомотосојуз или пак во карпош,бидејќи може да настане проблем
« Последно менување: 25 Декември 2015, 01:32:49 am Dimitar »