Луѓе на толку им имам тука помогнато членови па се надевам ќе помогне некој и на мене сега.
На кратко сакам да земам возило 2004 година форд мондео караван кое ќе си го возам за викендица и ќе се товари претежно
Е сега наидов на едно возило кое било увезено и за кое што е завршена целата постапка со извадена хомологација во Струга.
Човекот е исто така од Струга.Таблици нема извадено и не е регистрирано.Значи тука е прекатена постапката бидејќи човекот немал пари,или пак увидел дека возилото е некое скапано?

Дали ќе може тоа возило да се регистрира во Скопје и каде треба да се оди?Има ли врска што хомолагација и другите документи се правени во Струга,а не во Скопје
Дали пречи сето ова,и нормално дали може да се регистрира директно на пример во АМСМ или ќе мора да се оди по полиции,шалтери,мтв итн.
Благодарам форумџии и среќни празници