Па што конкретно те интересира и дали имаш некоја причина што бараш епл воч? Што му фали на обичниот часовник?
Еве мој осврт:
Дали сакаш секој втора вечер кога легнуваш да спиеш да го полниш и саатот покрај телефонот? Малце е напорно, а кога ке остане без батерија е само обична алка. Ергономијата му е тиња, не лежи убаво плус мора да е стегнат за да работи тоа мерачот на пулс, дополнителна негативност. Од функционални забелшки... мех... мери пулс постојано, вади статистика, апликацијата хелт на мобилен е ужас, никад не успеав да се снајдам од прва за тоа што ми треба. Конекцијата со телефон му е стабилна, блутутот фаќа убаво во рамките на просторијата па и на поголеми простори, синк и конекција е кул, апликации за него... шознам, не користев нешто превише, али користев оние за активност, дека сум трчал сум ова сум она. Малце е напорно користењето на мал екран и тешко за снаоѓање низ менито. ЕКранчето е убаво, се гледа на светло, ама нежно е, знам дека многумина го сокапале при случајни удари што не е случај со обични часовници. Повици, не верувам дека ке правиш преку него, нотификации... ок, ако поддржува апликацијата. И на Х време ке те тера да дишеше.
Се на се, прескапа играчка, моделот беше тој поглемиот, пошто малиот беше ултра геј, и никако не ја оправдува цената од 500-600 долари/евра/фунти или колку и да кошташе. За кратко време здосадува и почнуваш да го користиш само за да видиш колку е саат, а после уште малку време ке прекинеш да го носиш.
Инаку јас не сум фан на ниеден смарт воч, не е дека го хејтам епл. Целата корист ја гледам само како фитнес/активити тракер. Толку.
Ако те интересира уште нешто поконкретно, пиши.