4.5 инчи е идеална големина за МАЛ телефон. Ај може да се ценкаме до 4.3. Ќе се продава и ова зошто е ново и зошто е Епл, али очигледна е причината зошто се произведува телефонов: вишок компоненти од производниот процес на 5ѕ.
Баш ме интересира кои се тие вишок компоненти што ќе одговараат и на двата модела.
Пошто, вака лаички може да се тресне ваква изјава, ама еве конкретно да чујам би било добро.
Само за инфо, пример меѓу 5 и 5S коишто се идентични, нема ниту еден единствен дел кој е компатибилен на двата модела. Значи од копче, батерија, двете камери, звучник, микрофон, куќиште, значи буквално не постои еден единствен компатибилен дел меѓу двата модела. А сега ќе има ли со SE?
https://www.apple.com/iphone-se/
Ај сеа да ве видам, дали ова ви има логика! ха!!
Има некои 30% од корисници кои не сакаат големи телефони, а под големи е се над 4". Има логика за фаќање на тој пазар, пошто досега тие што сакаа помали телефони, се осудени на телефони со многу лоши перформанси, а сега добиваат ист процесор, камери итн како големите браќа 6S...