iPhone се зима за стабилноста на софтверот и поради политиката на Apple за телефони во гаранција. За ништо друго. Во камера не е најдобар, во меморија не е најдобар, во издржливост на батерија не е најдобар. Според мене овие се трите од петте (стабилност, меморија, камера, батерија, гаранција) клучни работи при купување на телефон. Не дај боже да се деси некој посериозен дефект на телефонот (ретко, али се случува) или не дај боже некако да се заклучи на iCloud. Џабе маката после, тури пепел.
Моментално користам P8, службен и можам да си го мерам со било кој iPhone во секој поглед и да победам во real-life ситуации. Метален е цел, потенок од 6-та iPhone за 0.3мм (апсолутно не се приметнува) батерија држи ден и пол (без игри), smooth е до јаја, до сега 3 месеци само еднаш се избагува, меморија има 16 гига + моја СД, камерата е топ посебно ноќни фотки ако се разбира човек од shutter speed (има посебен мод таков) и уште 100 позитивни работи.
И не го правете iPhone дека нема по некој баг во софтверот зашто има мал милион, од заглавување на тач при нормална работа до понекогаш засецнување. Никој не е совршен.
ПС. Да, би земал iPhone 6 уште утре да имав вишок 500 еур.