На онак му е прескап ајшитот, а и најскапите андроиди, така да коментира во темава колку да се најде во муабет 
Јас прв и последен пат дадов 400$ за ајфон далечната 2009та. Ме служеше до до 2013та кога го акнав во еден ѕид возејќи точак. Од тогаш до денес повеќе од 100 евра немам дадено за телефон (Ниту пак ќе дадам). Се додека има телефон за 100 евра кој е неверојатно мазен, има емаил, има вајбер, има навигација (за да не се загубам по светот), се друго е преценето срање.
Едно време работев на апликации за ајфон, па подоцна и за андроид. И двете платформи се прикаски сами за себе. Особено што за едната треба да истресеш 100$ за да можеш да развиваш на самиот телефон, а другата оди па стигни направи ги компатибилни со илјадници најразлични верзии и најразлични апарати.
Со еден збор, ужас.
Иначе и јас така, колку да се најдам во муабет.
