Другар мој има 3gs стар скоро 4 години, телефонов си шиба нешто ненормално.. Го зеде 50 евра, и сигурно мислев дека одвај ќе можи да го приклучи, пошто работи на 600mhz и 256mb рам.. Го работев 10тина минути ни еднаш не подзакочи (има инсталирано све whatsap, viber, fb, instagram, skype, snapchat)...
Друг па со 4s стар 2ипол години исто така си работи мазно без никакви кочења, исто така со инсталирано све што можи..
Иначе за 6кава, тотална утка им е.. Сличен им е дизајнот како на 5c, кај кој и самите знаат дека им е тотална утка телефонот..
Бузуки, у поише наврати сум спомнал дека мојот бивш ајФон 4, кој како модел е две години постар од мојот актуелен Галакси С3 (ајФонот е 2010, Галаксито е 2012), и на хартија е значително послаб, всушност работеше многу МНОГУ побрзо, постабилно и поскладно од Самсунгот.
ИОС е оптимизиран за уредите на кои се користи, затоа не му треба премногу РАМ. Сме биле сведоци и на повеќе модели на Нокиа Лумиа, кои без апсолутно никакво сецкање и лагување си возат Виндоус Фоун, со само 512 МБ РАМ. Од друга страна, Андроидот се користи на веш машини, електрични гезвиња, маталки за Нескафе итн итн... На Андроид телефон ако имаш 512 РАМ, спреми си медикаменти, ќе ти требаат.