Онак, јасно си кажуваш во постовиве дека не сакаш Епл производи односно дека ајфон е ѓубре и така натаму. Од ова што гледам мислам (можно е да грешам ако е така поправи ме) дека во последниве 2-3 години најмалку, користиш само андроид телефони, можеби си имал можност и за Епл телефон да користиш меѓутоа на кратко или колку да го расчепкаш.
Е сега, тоа значи дека последен пат си користел телефон што во моментов е стар барем 4 генерации, доколку не ти е проблем баш би сакал и да знам кој ајфон си го имал, а истиот го споредуваш со андроид телефони кои се од сегашната генерација.
Она што сакам да го кажам е дека пробуваш да омаловажиш нешто врз основа на искуство кое си го имал со уред кој е далеку постар од уредот со кој го споредуваш.
Од кој дел од ајфонот или од иос не си задоволен? Од интеграција со компјутер/ајтјунс, од пуш мејлот, од ајклауд кажими еден сегмент каде што андроидот е подобар од ајфон. Тоа што неможеш да пратиш песна преку блутут на другарчето не го признавам како валидна критика од причина што едноставно никој не ја користи функцијата.