Другар продава ајфон 4с неврлок.. Стакло ее, како нов, без ниедна гребнатинка... Само си има некои мани, нонстоп приклучен на интернет, со нормално работење, батеријата му трае само 6/7 часа.. А и звучникот му е многу слаб..
Ова кај сите 4с е или ? Колку би било одприлика батерија и звучник да се смени ?
150 евра ми го дава..
150 eur за исправен неверлок 4Ѕ е супер цена.
Ако нон/стоп се врти јутјуб или се суфра со уклучен екран очекувано време на работа е до 8 часа и тука не гледам проблем. За повеќе размислувај за иПад.
Ако е 1 час користење и 6-7 стандбај, тогаш е проблем. Заедно со проблемот на „тивок звучник“ наведува на можноста телефонот да бил потопен со течност.
Инаку како што спомна Веле, батериите на Ејпл се скоро бессмртни. По 5 и пол години интензивно користење, Ајфон 3Г трае повеќе од 4С. Керка ми го малтретита цел ден и навечер сеуште има „душа“ во него.
За разлика од него нов 4С со вклучен ВиФИ и 3Г и нормално користење преку ден трае 1.5 ден, т.е. 36 часа.