Oд искуство, дури и 4S кој е веќе 2 години исклучен од апдејт и е 6 генерации стар, сеуште можеш да го користиш и како мобилен телефон и како смарт фон. Моја препорака ако не ти е битна големината на уредот, за парите највреден е SE јас го користам веќе 2 години во меѓувреме на кратки периоди користев 7ца, 7+ и Х, SE-то маана му беше само малата батерија која од друга гледна точка па експресно се полнеше и ќе се навикнеш на пауер бенк и полначи секаде да имаш околу тебе (на работа, во автомобил и дома) и нема да осетиш барем уште 2 години со сигурност ниту еден лаг, не камоли укопување со колку и да го напукаш апликации.
Алтернатива, има по Ледиком/Мобеликс/Мобилшоп и кај Крале сигурно 7ци од 300 до 350еур, што побитно од "колку е користен" нека ти е "како е користен" постојат уреди по пола година стари, а малтретирани ко низ две војни да поминале, постојат уреди по 5 години стари и уште мирисаат на ново.
Барем во електрониката, не е како во механиката/автомобилизмот. Освен батеријата, се останато е направено 10-30 години во соодветни услови да истрае, е сеа ние шо ги користиме по 10-15 саати на ден телефоните и најквалитетен чекан да купиш и по 15 сати на ден да го акаш, ќе се искриви после 3-5 месеци + факторите на несоодветно оддржување као користење несоодветни полначи со послаба или појака струја, чкарт кабли, испотен да збориш на уредот, со мокри раци го користиш, си слушаш музика дур се тушираш, седи на маса у кафана и го потураат со пиво/течности, наседнување во заден џеб, прегревање/малтретирање на машината додека се полни и пробување да направиш ваква фотографија под вода = се расипал сам од себе