@krale да те прашам... Стариот iPhone 5S на пуштање камера се исклучи, па влезе у loop и нејќеше да се пушти (логото, па се гасеше, па логото, па се гасеше) и после тоа нејќе да се пуни батеријата. На горниот дел, кај звучникот, екранот е поодвоен во однос на долнот дел, кај копчето. Досега му е еднаш сменета батерија, баш кај тебе во сервис, а инаку ете беспрекорно си тераше 4+ години.
Некоја идеја што може да е? Пак нешто со батеријата, или едноставно му дошол денот?
Моја претпоставка е дека батеријата не го држи напонот стабилен и затоа ти се случило тоа.
Батеријата е подувана. Тоа што се изгасил е затоа што батеријата дала премалку/премногу напон.
Пошто крале рецка не ми удри у неговата тема, еве да продужам тука...
Сменив батерија, ставив нова, ама па сеа испадна тачот да не работи веќе. Се’ си е на свое место, приклучено како што треба, ама се појавија вертикални штрафти на екранот и тачот не работи веќе.
Плус, би претпоставил дека при единствениот претходен и претпоследен сервис (денешниот е втор т.е. втор пат се отвара телефонот), сервисерот што го склапал телефонот изоставил две “желевца” кои ги фиксираат конекторите: едното квадратесто горе, кај конекторите за екран, тач итн. и другото доле, кај конекторот за копчето. Дали намерно или не, нема да коментирам.
Мислења, идеи? Да пробувам пак да го оправам, или да го пуштам во вечните ловишта, чунки по се’ изглеа дека му дошло времето?