Телефонот ти е во заден џеб. Седнуваш во кола и не приметуваш дека си го седнал телефонот. Возиш 2-3 саати. Го вадиш телефонот, извиткан.
Се случува, има милион различни ситуации во кои може да се случи. Не е дека сите луѓе што пријавиле извиткан телефон намерно си ги извиткале телефоните. Не е дека тој со видеото е првиот што го извиткал телефонот. Не е дека само на тој начин може да се извитка телефонот.
И на крају краева, не е крај на светот ако се извитка телефон. Утнале малку во индустрискиот дизајн. Не предвиделе некоја ситуација. Се јавува проблем. Во ред, тој проблем се решава. Не ми е јасно како е хејт ако луѓето пријават дека телефонот во некои услови се витка, и не ми е јасно како е хејт ако порталите известуваат на таа тема.
Ако се лажеме, ама онака многу, прописно многу, рецимо на ниво на прикаски за мали деца, онда океј. А дека нема да приметиш 2-3 саата дека имаш 5.5 инчен „телефон“ у заден џеб (158.1 x 77.8 x 7.1 mm), онда сместа на лекар, нешто дефинитивно не е у ред со нервниот систем.
Не ми јасно каде најде дека некој го карактеризира како хејт тоа што го објавиле или прикажале порталите. „Повикот“ за хејт се однесуваше на неизбежната појава на сите тука присутни експерти според кои Епл за кур не го бива и не знае ни телефон да направи како што треба.
Пак ќе кажам:
Ако некој е доволно кретен да тури 5.5 инчен дивајс у тесни фармерки, онда има сосема поинаков проблем, кој нема врска со дивајсот.
Зборам за 5.5 инчи цело време, пошо колку што видов со ајФон 6 Плус е проблемот, не 6ката.