Ако лежи пластиката со целата површина на лимот од гепекот (те. ако е полна пластика) тогаш можиш да ја залепиш со двострана леплива лента , ама некоја поасолна што и намената и е за вакви работи, а ако не тогаш најдобро со некој силикон оти голема е веројатноста да ја загубиш по пат.
Тешко се наогаат такви ленти за професионална употреба, ова што може да се најде по локалните продавници е претежно за домашна употреба. Јас би го однел сполјерчето да ми го залепи некој што професионално се занимава со тоа.
Колку пари е таа лентата од Максмаер, и која фирма ја произведува ?
Вака сеа, пак да повторам, дека од Максмаер ми ја препорачаа лентата како алатка која ја користат и овластени и приватни сервиси за лепење на лајсни и слични ствари. Цената е 380 денари за 10 метри, 6 мм ширина (најтенката). Веројатно ќе ја купам таа... Не ми требаат 10 метри, ама не даваат на метро. Не знам чиво производство е.
Слушај сега вака.....ќе земиш ABRO 999 и ќе ставиш под спојлерот и наместиго добро заоблиго и држи или потисниго со нешто да не се мрда од позиција некој 40 до 60 минути, прај го ова приквечер за да фати ладно да се здрви преку ноќта, после ќе го извај анте маркович, јас со истото ја лепев таблицата позади на рацете ми паднаа од држење ама другиот ден тргав со двете раце и контра со ногата стискав не сакаше да мрдне камоли да излезе....
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Не сакам да користам нешто вакво. Можда би завршило работа, ама не сакам.
Не е работата да го залепи па да неможе да го извади.Се бара некое послабо лепило.
Би рекол понормално, не послабо.
За жал, не знам кај може да најдеш, инаку вака изгледа: линк
Баш вака изгледа таа од Максмаер (само што не е 3М, 3М-от е значително поскапа)
Не е работата да го залепи па да неможе да го извади.Се бара некое послабо лепило.
Незнам дали ќе најде такво нешто измеѓу да држи а да можеш да го извадиш и да нема остатоци....или лепи или не лепи го става за да стој ако мисли да го вади ноќе од крадци тоа е друга работа
Па сеа, како за кого. Јас би сакал да можам комотно да го извадам (или со малку мака и чистење после тоа), доколку сакам да не е веќе на колата, без тоа да повлече набавка на нова врата за багажник.