Абеее... постоеше некоја фикс идеја, да мењам целата од мотор па даље... и има варијанта што најдов, кај што се двои на две... Ептен ми праи мерак тоа, арно ама, оскудација, скупе су паре, а башка, ке треба да сечам браник, па да се префарбуе итн итн... А реално, нема нешто да се добие во перформанси, само во акустика. Е сеа, акустика е убаа работа, ама еден круг по обиколница околу Скопје, глаата тупан ќе стане, поготово пошто Лансерот е троа лабав на звучна изолација...
Сума сумарум, ако уопште испадне да мењам нешто со издув, можда само лонецот, онака колку да подгрмуе малце