Она кога дечките кај Дандо и Бушав ќе ти ја пројдат колата низ раце...
Успут, денеска направена регистрација за прв пат во АМСМ, 2 недели порано.
Технички преглед + давачки | = 2541 |
Фонд за патишта | = 2193 |
Осигурување | = 5666 |
АМСМ членство (Групер) | = 598 |
-------------------------------------- |
Сума | = 10998 денари |
Старата налепница се вади многу лесно со влажни марамчиња, немате потреба од било какви други средства.
Техничкиот преглед укажа дека возилото е во одлична состојба, за нијанса послабо фаќа рачната, ама не е ништо критично, фаровите си беа нивелирани, ниво на бучава во лер - 62 дБ, а издувните гасови (бензин), во рамки на еколошка подобност - СО2 = 12.5%.
Разликата во однос на лани е некои +600 денара за Фонд за патишта, и 1414 денари за Технички Преглед (лани не правев).