Сумњата е дека глувче напраило беља, ама не би рекол дека е од тука... Филтерот е од пред 2 години, а го проверив лани ова време, и си беше во ред. Не сум приметил глувчиња во околина кај што седи колата, така да, сумњам дека се задесило на некое од патувањата. Внатре не смрди на мртво и нема други видливи оштетувања, нити на инсталација, нити на тапацири...
Како и да е, денес е исчистена вентилацијата и климата, и ми е сугерирано двапати годишно да го менувам филтерот за полен, поради превоз на бебуш во колата.