Дечки, ај да не се лажеме дека Opel = GM. GM се Американските брендови, а Opel е нивни Европски атачмент кој они ќе го откачат у прва могуча прилика, како што го откачија Saab. После толку големи загуби, споредбено ниска продажба и лоши резултати, не ми се верува дека уште долго Америте ќе му попуштаат на Opel.
GM многу паметно ја искористи (и ја користи) експертизата на Opel за дизајнирање и развивање на мали, компактни и квалитетни возила (рецимо Cruze) кои они ќе си ги продаваат по нивни терк.
Точно, тоа што некој работи со загуба не значи дека произведува лоши автомобили - никогаш нити го спомнав нити го инсинуирав тоа. Напротив, имам големо почитување кон Опел, но во денешно време на криза, силна конкуренција, ниски профитни маргини и тако даље, тешко е да се преживее.