Naprotiv, temava ne ja otvoril Stratro ( iako taka pisuva) tuku proizleze od moe mislenje za noviot Civik..zad koe seuste stojam.
A ko sto citam nanazad, ti ne si ostanal pokuso.
Чат-пат чисто онака, од инает, да биде поинтересно
Пошто љубителите/сопствениците на Опел најревносно ја бранат својата марка кога никој не ја напаѓа
Не, не. Алфистите најревносно си ја бранат марката. Ние сме второ место.
Не е финтата дали некој ја напаѓа или не, него кој може да најде повеќе аргументи во корист на застапуваната марка. Нема потреба работите да се сфаќаат лично и слично. Си правиме муабет. Јас на пример мислам дека освен со VTEC и неговиот звук, Хонда нема ништо со што би можела да се пофали пред Опел. Опел пак од друга страна може да се пофали со број на модели, квалитет на изработка и секако со фанови што го поддржуваат. Тука сме да дискутираме па можеби некое мислење кај некого и ќе се смени.
Да бе, ги забораив Алфистите... Одамна не паднале у муабет
А за второво, тоа си иде подеднакво и кај едните, и кај другите, и практично кај секој производител, така да, „од друга страна“ Опел не може да се пофали со тоа, пошто не е карактеристично само за Опел
За број на модели се согласуем, а за квалитет не знам, немам претстава како е да се живее со Opel, никогаш не сум имал. Квалитетот на изработка кај Insignia и новата Astra не ме плени премногу. Особено кај Инсигниа... Такво возило заслужува да се посвети многу повеќе внимание на внатрешноста и не
треба смее да крцка, да се мрда, и да пропаѓаат делови таму каде што не треба. Ова го зборам за првите Инсигнии што се појавија кај нас, а се надевам дека со тек на време се залечени тие рани.
Еве да се решите да ме почастите една нова Astra GTC, со задоволство ќе се „жртвувам“ да дознаам како е да се живее со тој њемачки бренд