Кој вели бе дека опел не го бива у кривини види како фино иде кадет од 75.
За мене се додека не купам некој друг автомобил кој ке има пазарна вредност околу 700-1000 евра а ќе ми направи таков ќеф како на видеата опел останува најдобар автомобил. И кој ќе има таков багажен простор. И со кој летово планирам да одам на јадранско море значи 1000 плус километри во еден правец. И кој изгледа прилично добро значи не е грдо пајче во никој случај.
Овој автомобил неможе да задоволи само едно барање а тоа е на оние за брза вожња. Едноставно од 140 не иде повеќе но и тоа е повеќе од сите лимити во македонија и на регионален и на магистрален и на автопат.
Е сега кога стар опел е ваков речиси идеален можам да замислам само што зверови се новите инсигнија, астра и малку постарите калибра и омега.