Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift  (Прочитано 7584 пати)

Отсутен Damien

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« на: 12 Декември 2015, 19:46:28 pm »
Дојде ред и јас да ја претставам мојата нова љубов, Алфа 147ка фејслифт, мотор 1.9 јтдм 8в, 120 коњски сили/88 киловати. Бојата е баш каква што сакав, Alfa red. Јас ја купив од тука, увезена е од Италија, возена некое време во Скопје. Колата има поминати 133.000~ километри (кои ги проверив кај мајсторот на компјутер, а и според ентериер/екстериер ми изгледаат реални), и си има уредна сервисна книшка.
Од опрема поседува Distinctive ниво, во кое спаѓа:
Двозонска клима (ја испробав, си работи)
Темпомат
Електрика на 4 стакла
Алуминиумски 16ки бандажи
Потпирач за рака (бест тинг евр)
Радио со ЦД и 8 звучници (не е нешто нај-нај квалитетот на звукот)
Ентериер од.. незнам каков материјал е ова, дали треба да претставува алкантара, стварно појма немам, знам дека не е обичниот текстил. Овој ентериер го имам видено само во црвена алфа со истото ниво на опрема, исто со црни ретровизори, само на Германски страници за огласи.
Колата ги има оригиналните стакла, освен предно ветробранско стакло, фаровите се валео со исти сериски броеви, единствено кај што се познава фарбано е предниот браник, на други делови ни јас, а ни мајсторот не можевме да заприметиме. Има 2 оригинални клуча од кои едниот е неупотребен воопшто.
Проблеми:
Термостат!! (в понеделник земам нов, се мислев која марка да биде)
Десното задно мачкино око (или незнам како се вика) било украдено заедно со капачето за влечење кое се наоѓа на задниот браник. Ако некој знае кај можам да ги најдам, ве молам за инфо.
Предна лева вилушка подтропнува, јабучицата е ок, чаурите не чинат, в понеделник земам нова.
Отварачот за касетата е скршен, го имам, утре-недела е ден за такви работи.
Кожата на менувачот е ок, металното капаче е изгребано, барам ново.
Rear plate light.. нормално :D
Засега од колата сум презадоволен, си влече супер, одлична е во кривини, ми прави кеф. Да нагласам дека ова ми е втора 147ка, извозив околу 50ккм со минатата (2002ра година беше таа), и морам да нагласам дека новава е мноогу постегната и со заприметно подобра суспензија (значително подобро впива дупки).
Засега сменив масло, Селениа (имав некој литар останато од минатиот фиат), филтер за масло, нафта и воздух.
Планови за во иднина:
Бандажи 15“ за зимски гуми, или само гуми 16“ со овие, ќе размислам уште 2-3 дена. Зимските гуми ќе бидат Nexen Winguard Pro, од кои бев презадоволен на минатата. Сега се вози на Continental Sport (нешто со спорт беше..), 205-55-16, имаат уште 4-5мм шара, 2012та се.
Ремап
Затемнување на задни стакла, најмалку што може, 70% ли е?
Радио со usb/aux, и ми треба фасциа ако некој продава!
Звучници/вуфер (ова ќе почека)
Спуштање минимално
Xenon, за што ве молам за совети, имам слика од фарот, па да ми кажете што е најдобро да ставам и каде да го изведам (Прилеп или Битола по можност)
















Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #1 на: 12 Декември 2015, 21:22:21 pm »
Убаво ауто. Со здравје да се вози! Рипни ги ксеноните, стави си најтбрејкери или ултра вижн. Добри светла има 147-цава за да ги расипуваш со ксенони. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Damien

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #2 на: 12 Декември 2015, 21:30:04 pm »
Убаво ауто. Со здравје да се вози! Рипни ги ксеноните, стави си најтбрејкери или ултра вижн. Добри светла има 147-цава за да ги расипуваш со ксенони. 
Фала ти! Инаку миислам дека има најтбрејкери, објавив слика вечерна, бааѓи бело ми светат за обични, а и во право си добра светлина даваат. Туку за капачето назад на браникот нешто да се најди, неможам за фејслифт да најдам, за пре-фејслифт има колку сакаш, ама скрос различна форма е.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #3 на: 12 Декември 2015, 22:07:43 pm »
Со здравје да си ја возиш.
Убаво изгледа.

И јас би те советувал да не ставаш ксенон. Посебно не од овие кинеските шо ги продават кај нас.

За металното топче на менувачот: и кај мене беше оштетено и изгребано. Го извадив и го истружив со шмиргла, ги обоив каналите со црна боја и врз се тоа - лак мат. Одлично си дојде. За вадење на топката - само тргаш нагоре. Пази да не си мавниш бокс. :)

За тоа рачката на касетата: еее тоа е pain in the ass.... и кај мене беше паднат кога ја купив. Мамето нивно како го имат глупаво направено. После долго време пробување со Tome-colt да го вратиме фабричкото штравче, се откажавме. Најдобро ти е уште од старт да му избушиш дупче на пластиката од позади и така да го заштрафиш. Иначе нема шанса.

Мачкино око и капаче - многу тешко кај нас. Уште нема вакви растурени. Барај кај тој Autoking шо го има по огласите, на ebay и кај србите/грците.

Термостат: јас го сменав летово - зедов Vernet од тој во Тафталиџе. 3400 мислам. Набави си навреме стеги квалитетни за цревата, оти некои не можиш да ги вратиш назад.

Исфарбај си ги капачињата на ретровизорите или стави си од тие Металните капаци (ретко се наоѓаат и се скапи).
Немаш 8 звучници. 6 се. Задните твитери се само капачиња. ;D   Барем кај мене беа. Купи си подобри звучници и смени си ги сите 4 и ќе немаш гаље.

Виљушка горна претпоставувам дека ти е рикната. Само TRW. Јас се заебав со Lemforder.
Земи си 15ки челични за зимски - вожња убајни. ;D

Ремап кај планираш да правиш?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #4 на: 12 Декември 2015, 22:15:18 pm »
Оваа 147-ца е најмалку десетнаесе( шо би рекол џонтра) пати поубава од другата, предфејслифт со тажна предница :) Со здравје да ја возиш и заштитувај ја бојата, квалитетни шампони, восоцирање итн, црвенава боја многу ја јаде време особено сонце...

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #5 на: 12 Декември 2015, 22:24:55 pm »
Не би се сложил со тебе. И двете предници ми се недоработени, али фејслифтот има погрда предница, според мене :)

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг:
« Одговори #6 на: 13 Декември 2015, 00:15:11 am »
Фино. Со здравје да си ја возиш! :)

Отсутен Damien

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #7 на: 13 Декември 2015, 01:56:02 am »
Со здравје да си ја возиш.
Убаво изгледа.

И јас би те советувал да не ставаш ксенон. Посебно не од овие кинеските шо ги продават кај нас.

За металното топче на менувачот: и кај мене беше оштетено и изгребано. Го извадив и го истружив со шмиргла, ги обоив каналите со црна боја и врз се тоа - лак мат. Одлично си дојде. За вадење на топката - само тргаш нагоре. Пази да не си мавниш бокс. :)

За тоа рачката на касетата: еее тоа е pain in the ass.... и кај мене беше паднат кога ја купив. Мамето нивно како го имат глупаво направено. После долго време пробување со Tome-colt да го вратиме фабричкото штравче, се откажавме. Најдобро ти е уште од старт да му избушиш дупче на пластиката од позади и така да го заштрафиш. Иначе нема шанса.

Мачкино око и капаче - многу тешко кај нас. Уште нема вакви растурени. Барај кај тој Autoking шо го има по огласите, на ebay и кај србите/грците.

Термостат: јас го сменав летово - зедов Vernet од тој во Тафталиџе. 3400 мислам. Набави си навреме стеги квалитетни за цревата, оти некои не можиш да ги вратиш назад.

Исфарбај си ги капачињата на ретровизорите или стави си од тие Металните капаци (ретко се наоѓаат и се скапи).
Немаш 8 звучници. 6 се. Задните твитери се само капачиња. ;D   Барем кај мене беа. Купи си подобри звучници и смени си ги сите 4 и ќе немаш гаље.

Виљушка горна претпоставувам дека ти е рикната. Само TRW. Јас се заебав со Lemforder.
Земи си 15ки челични за зимски - вожња убајни. ;D

Ремап кај планираш да правиш?

Фала ти многу за советите.
За касетата ќе те послушам, уште утре планирам тоа да го правам. А за тоа металното на менувачот, мислев да порачам од интернет ако е евтино, ама па вака уште поевтино ќе испадне, и бар оригиналното е.
За капачињата на ретровизорите се мислам.. вака се оригинални за овој модел, а се баш црни како за фарбање, не се лакирани, така да мислам дека многу лесно тоа би се изведило.
За термостатот по неколку часовно читање по интернет, пак не знам кој да го земам. Има луѓе кои се жалат од Вернет, во смисла пак не држел константна температура, а има и презадоволни. Ќе видам баш со цените како се.
За звучниците 8 се кај мене, баш ги проверував, и назад има твитери. Не дека звукот е лош, ама мислам дека радиото (headunit-от) е слаб, некаде како да прочитав дека е 4x25. Најпрво ќе земам некое подобро радио, па ако пак не бива, ги менувам и сите звучници.
За вилушката знам, само TRW, поскапи се со цена, можда и дупло спрема другите, ама вреди. Само едно се мислам, дали не е најдобро да ги сменам и 2те во исто време, затоа што ако пошла левата, големи се шансите да е при крај и десната. Баш ме интересира мислење за тоа.
А за ремап мислам дека само едни во Македонија имаат dyno, не сум сигурен како се викаат, другар мој ги знае па ќе ме посочи.
За гумите тоа е најдобра опција, ама некако не ми се става челичен бандаж, ќе пробам да најдам 15ки Autec Baltic, мноогу ми се убави, ги имав на минатата Алфа. Инаку ја видов твојата тема, многу е убава и твојата Алфа, а цевките за турбото се закон!!

Фала ви и на другите, да си враќа!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #8 на: 13 Декември 2015, 10:04:07 am »
Јас од како го ставив термостат осетив дека температурата многу побрзо се качува и стои цело време закована на 88 степени.
До сега немам никакви проблеми со тоа.
Ако најдиш некој подобар термостат, земај.

Ако можиш да земиш 2 виљушки во пакер, земај ич не се мисли. Јас сега зедов пред не цел месец, ја платив 4700.

За ремап овие ... http://revochip.com/performanse/7/153/729/7240/
ги работат Автотек Електроник и имаат dyno.   http://forum.carclub.mk/index.php/board,36.0.html
Види цената 120е - претходно беше 300.

Ќе ти напрајме и тебе цевки, тешки нека ти рикнат овие.
;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #9 на: 14 Декември 2015, 10:01:11 am »
Со среќа нека е, убав модел, долго да те служи.

За капачето можеш да пробаш и со силикон Цересит ЦС 26 (мора да седи мирно капачето цел ден) или Бизон супер лепак само во гел варијанта.
За деловите што ти фалат можеш да го контактираш и Жарко од Скопје, он можеби би имал, исто и за подвозје можеби ќе може да ти најде. тел 078/244-976

Отсутен Damien

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #10 на: 15 Декември 2015, 10:03:02 am »
Јас од како го ставив термостат осетив дека температурата многу побрзо се качува и стои цело време закована на 88 степени.
До сега немам никакви проблеми со тоа.
Ако најдиш некој подобар термостат, земај.

Ако можиш да земиш 2 виљушки во пакер, земај ич не се мисли. Јас сега зедов пред не цел месец, ја платив 4700.

За ремап овие ... http://revochip.com/performanse/7/153/729/7240/
ги работат Автотек Електроник и имаат dyno.   http://forum.carclub.mk/index.php/board,36.0.html
Види цената 120е - претходно беше 300.

Ќе ти напрајме и тебе цевки, тешки нека ти рикнат овие.
;D
Зедов термостат, но бидејќи го немаше од Вернет, зедов од марка Facet ми се чини.. 4200 го платив, а тој на Вернет беше 3500. Ќе видиме како ќе се покаже. За ремапот ги видов Автотек Електрик, и најверојатно таму ќе биде, само можда ќе почека до пролет.
Со среќа нека е, убав модел, долго да те служи.

За капачето можеш да пробаш и со силикон Цересит ЦС 26 (мора да седи мирно капачето цел ден) или Бизон супер лепак само во гел варијанта.
За деловите што ти фалат можеш да го контактираш и Жарко од Скопје, он можеби би имал, исто и за подвозје можеби ќе може да ти најде. тел 078/244-976
Фала ти, инаку за со супер лепак не знам колку е добра варијанта, да не излезе при првото отварање, посебно кога на совозачкото седиште најчесто седи жена...
Инаку баш ќе ги контактирам и Аутокинг а овој Жарко за деловите, белки некој ќе се најде да ги има.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #11 на: 15 Декември 2015, 10:06:33 am »
Жарко нема ништо од фејслит.

Аутокинг имаат делови од фејслифт. Ама што имаат, прашај.

ЕДИТ:

Тие мачкините очи изгледа се исти како и од стариот модел.
А за тоа капачето да не го бараш воопшто, да го направиш ова........

http://www.extreme-tuning.bg/en/project/Alfa-Romeo-GT-1.9-JTD---Exhaust-system
https://www.youtube.com/watch?v=yGeASgeo6RE

Не е скап цел зафат.
« Последно менување: 15 Декември 2015, 10:13:35 am osmica8 »

Отсутен Damien

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #12 на: 15 Декември 2015, 11:02:14 am »
Жарко нема ништо од фејслит.

Аутокинг имаат делови од фејслифт. Ама што имаат, прашај.

ЕДИТ:

Тие мачкините очи изгледа се исти како и од стариот модел.
А за тоа капачето да не го бараш воопшто, да го направиш ова........

http://www.extreme-tuning.bg/en/project/Alfa-Romeo-GT-1.9-JTD---Exhaust-system
https://www.youtube.com/watch?v=yGeASgeo6RE

Не е скап цел зафат.
WOW! Е тоа е тоа! Готово, ова ќе го правам. Како што гледам не е воопшто сложено, само јас би го правел на старото лонче, оригиналното, ако е тоа возможно. Ќе се консултирам со мајсторот и ќе видиме што ќе се измисли. Инаку термостатот не е марка Facet, туку е EPS.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #13 на: 15 Декември 2015, 11:03:08 am »
Бидејќи јас го залепив со таков супер лепак (гел) но поради вибрациите што ги имам од ДМФ откажа после 6 месеци. Лепакот го има во Меркур и е околу 80 ден.

Со турскине не ни пробувај.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm facelift
« Одговори #14 на: 15 Декември 2015, 11:04:45 am »
Жарко нема ништо од фејслит.

Аутокинг имаат делови од фејслифт. Ама што имаат, прашај.

ЕДИТ:

Тие мачкините очи изгледа се исти како и од стариот модел.
А за тоа капачето да не го бараш воопшто, да го направиш ова........

http://www.extreme-tuning.bg/en/project/Alfa-Romeo-GT-1.9-JTD---Exhaust-system
https://www.youtube.com/watch?v=yGeASgeo6RE

Не е скап цел зафат.
WOW! Е тоа е тоа! Готово, ова ќе го правам. Како што гледам не е воопшто сложено, само јас би го правел на старото лонче, оригиналното, ако е тоа возможно. Ќе се консултирам со мајсторот и ќе видиме што ќе се измисли. Инаку термостатот не е марка Facet, туку е EPS.

Во план ми е и мене да го правам. Види кај Меганот на Бушавиот како е направено. Тој го праеше ова.