Дојде ред и јас да ја претставам мојата нова љубов, Алфа 147ка фејслифт, мотор 1.9 јтдм 8в, 120 коњски сили/88 киловати. Бојата е баш каква што сакав, Alfa red. Јас ја купив од тука, увезена е од Италија, возена некое време во Скопје. Колата има поминати 133.000~ километри (кои ги проверив кај мајсторот на компјутер, а и според ентериер/екстериер ми изгледаат реални), и си има уредна сервисна книшка.
Од опрема поседува Distinctive ниво, во кое спаѓа:
Двозонска клима (ја испробав, си работи)
Темпомат
Електрика на 4 стакла
Алуминиумски 16ки бандажи
Потпирач за рака (бест тинг евр)
Радио со ЦД и 8 звучници (не е нешто нај-нај квалитетот на звукот)
Ентериер од.. незнам каков материјал е ова, дали треба да претставува алкантара, стварно појма немам, знам дека не е обичниот текстил. Овој ентериер го имам видено само во црвена алфа со истото ниво на опрема, исто со црни ретровизори, само на Германски страници за огласи.
Колата ги има оригиналните стакла, освен предно ветробранско стакло, фаровите се валео со исти сериски броеви, единствено кај што се познава фарбано е предниот браник, на други делови ни јас, а ни мајсторот не можевме да заприметиме. Има 2 оригинални клуча од кои едниот е неупотребен воопшто.
Проблеми:
Термостат!! (в понеделник земам нов, се мислев која марка да биде)
Десното задно мачкино око (или незнам како се вика) било украдено заедно со капачето за влечење кое се наоѓа на задниот браник. Ако некој знае кај можам да ги најдам, ве молам за инфо.
Предна лева вилушка подтропнува, јабучицата е ок, чаурите не чинат, в понеделник земам нова.
Отварачот за касетата е скршен, го имам, утре-недела е ден за такви работи.
Кожата на менувачот е ок, металното капаче е изгребано, барам ново.
Rear plate light.. нормално
Засега од колата сум презадоволен, си влече супер, одлична е во кривини, ми прави кеф. Да нагласам дека ова ми е втора 147ка, извозив околу 50ккм со минатата (2002ра година беше таа), и морам да нагласам дека новава е мноогу постегната и со заприметно подобра суспензија (значително подобро впива дупки).
Засега сменив масло, Селениа (имав некој литар останато од минатиот фиат), филтер за масло, нафта и воздух.
Планови за во иднина:
Бандажи 15“ за зимски гуми, или само гуми 16“ со овие, ќе размислам уште 2-3 дена. Зимските гуми ќе бидат Nexen Winguard Pro, од кои бев презадоволен на минатата. Сега се вози на Continental Sport (нешто со спорт беше..), 205-55-16, имаат уште 4-5мм шара, 2012та се.
Ремап
Затемнување на задни стакла, најмалку што може, 70% ли е?
Радио со usb/aux, и ми треба фасциа ако некој продава!
Звучници/вуфер (ова ќе почека)
Спуштање минимално
Xenon, за што ве молам за совети, имам слика од фарот, па да ми кажете што е најдобро да ставам и каде да го изведам (Прилеп или Битола по можност)