Автор Тема: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild  (Прочитано 8288 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 споре
« Одговори #15 на: 12 Декември 2015, 17:08:25 pm »
Well done Kia! Сепак, за мене, кога би гледал релиабилити и квалитет (а не гледам, пошто моиве жабари никад нема да бидат во „топ квалитет“) ова би ми било од далеку поголема корист, отколку ловориките на Аутобилд.
Многу корисно Симо. Јас досега Декра го следев. Тука се гледа потребното.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #16 на: 15 Декември 2015, 20:03:41 pm »
Значи аутобилд се пазарски муабети, така испаѓа.


Инаку да беше некој друг бренд на прво место, ќе беше објавено на порталот...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #17 на: 16 Декември 2015, 00:41:26 am »
Инаку да беше некој друг бренд на прво место, ќе беше објавено на порталот...

Немаше да ти одговорам за Ауто Билд, ама пошто се дрзна да прокоментираш за тоа што се објавува или не се објавува на порталот..

Најди ми една објава на порталот за било кој бренд во контекст на квалитет/неквалитет, итн.

Истата PR објава што ја објавија сите други ми стигна и мене - и директно од Auto Bild, и од KIA Europe, и од KIA во Македонија.. Арно ама, јас решив да ја објавам со неколку дена задоцнување - едноставно за да не се изгуби објавата во морето од други објави. Не се потресувај синко, ќе биде објавено, ако така одлучам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #18 на: 16 Декември 2015, 01:23:00 am »
ќе биде објавено, ако така одлучам.
Хаха, браво за ова. Прекрасно кажано.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #19 на: 16 Декември 2015, 05:05:38 am »
Јас малку сум потресен заради необјавувањето на изборот на Ауто Билд. Еве 05:00 наутро е и неможам од стрес да заспијам.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #20 на: 16 Декември 2015, 20:41:35 pm »
ќе биде објавено, ако така одлучам.
Хаха, браво за ова. Прекрасно кажано.

Инаку да беше некој друг бренд на прво место, ќе беше објавено на порталот...

Немаше да ти одговорам за Ауто Билд, ама пошто се дрзна да прокоментираш за тоа што се објавува или не се објавува на порталот..

Најди ми една објава на порталот за било кој бренд во контекст на квалитет/неквалитет, итн.

Истата PR објава што ја објавија сите други ми стигна и мене - и директно од Auto Bild, и од KIA Europe, и од KIA во Македонија.. Арно ама, јас решив да ја објавам со неколку дена задоцнување - едноставно за да не се изгуби објавата во морето од други објави. Не се потресувај синко, ќе биде објавено, ако така одлучам.

Знам дека нема да се објави. Не е битно, не се работи за мене.


Сакам друго да кажам, аутобилд порано гледав обавезно да го купам, многу ги сакав рубриките тестови со споредба со други возила во разни класи и сл. Возило кое поминало преку 100.000км. маани, трошоци, квалитет...

Статистиката со квалитетот на возилата, тестови на гуми и други доста корисни информации да се едуцираме...


Горе наведените работи ми се интересни за читање и корисни, штета што ги немате на порталот.
Порталот со информациите ич не ме привлекува да отворам да прочитам нешто а тоа е повеќе од 90%.

Тоа е една критика од мене.









Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #21 на: 17 Декември 2015, 00:39:59 am »
Dacia пред Mercedes :D уууу...ќе гори некој в пекол...предосечаМ!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #22 на: 17 Декември 2015, 09:57:13 am »
Dacia пред Mercedes :D уууу...ќе гори некој в пекол...предосечаМ!
Изгледа дава повеќе гаранција од Мерцедес.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 776
  • .
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #23 на: 17 Декември 2015, 10:41:48 am »
customer satisfaction, reliability and long-term quality за киа и дачија??????? абе ајдеееееееее не читајте глупости, кој знае колку пари добил овој магазин за ваквата публикација. Имам лично искуство со Kia sportage купено во германија од зет ми баш поради ваквите лажни податоци, Киа имаше 5 год гаранција, купено е пред 4 години 26.000 евра а е носено на сервис ни помалку ни повеке од 49 пати и аутобилд ќе ме увери за long term quality за Kia  ;D
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #24 на: 17 Декември 2015, 10:49:13 am »
Зет ти да не имал швалерка во Киа сервисот? ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #25 на: 17 Декември 2015, 10:50:06 am »
Добро бе што ви е на вас? Треба да разликувате термини. Ти или некој твој познаник ако имал лошо искуство со Киа, не значи дека треба да генерализираш. Тоа се основни работи.

Втора работа. Во текстот, ако некој уствари чита, убаво пишува дека имаат добиено оценка 1 (најдобра) во одделот за гаранција, зошто се единствени со 7 годишна гаранција. Автоматски тоа значи добивање на многу поени и на крај доаѓа до многу забуни. Исто како со тестовите со гуми. Мишелин алпин 5 е топ 3 гуми на мраз, снег, дожд но на суво е катастрофална лоша гума и затоа се наоѓа на долната средина на листата, во компанија со made in china.

И трета работа, уште поважно. Има разлика помеѓу зборот reliability, quality и premium quality. Генерално јапонски и корејски автомобили се бр.1 во reliability. Квалитет (пример во ентериер е нешто што нема да се расипе, уништи, крцка при долги години користење). А премиум квалитет е се знае што: Лексус, Мерцедес, БМВ, Ауди и уште некои слични. Влечење паралела премиум квалитет со квалитет е грешка во старт, зошто некогаш и премиум возилата (особено бмв) имаат reliability и quality проблеми.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 776
  • .
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #26 на: 17 Декември 2015, 10:59:52 am »
Зет ти да не имал швалерка во Киа сервисот? ;D
и јас тоа се сомнев ;)
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #27 на: 17 Декември 2015, 11:02:14 am »
Карла на прием што работеше гарант.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 776
  • .
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #28 на: 17 Декември 2015, 11:35:03 am »
Добро бе што ви е на вас? Треба да разликувате термини. Ти или некој твој познаник ако имал лошо искуство со Киа, не значи дека треба да генерализираш. Тоа се основни работи.

Втора работа. Во текстот, ако некој уствари чита, убаво пишува дека имаат добиено оценка 1 (најдобра) во одделот за гаранција, зошто се единствени со 7 годишна гаранција. Автоматски тоа значи добивање на многу поени и на крај доаѓа до многу забуни. Исто како со тестовите со гуми. Мишелин алпин 5 е топ 3 гуми на мраз, снег, дожд но на суво е катастрофална лоша гума и затоа се наоѓа на долната средина на листата, во компанија со made in china.

И трета работа, уште поважно. Има разлика помеѓу зборот reliability, quality и premium quality. Генерално јапонски и корејски автомобили се бр.1 во reliability. Квалитет (пример во ентериер е нешто што нема да се расипе, уништи, крцка при долги години користење). А премиум квалитет е се знае што: Лексус, Мерцедес, БМВ, Ауди и уште некои слични. Влечење паралела премиум квалитет со квалитет е грешка во старт, зошто некогаш и премиум возилата (особено бмв) имаат reliability и quality проблеми.
Јас не генерализирам и не фаворизирам никоја марка или модел на кола освен марката "Квалитетна кола". Понатаму таквите дилери спремни се и по 10 год гаранција да дават и да претрпат огромни загуби само за да го посвојат пазарот. Што ако ми дават гаранција од незнам колку години, кога за една година колата ја носам 10 пати на сервис заради банални дефекти пример : клучот расипан и не се синхронизира со кодот , моторот на бришачите , бравите , електриката и ред 300-та други зафркации?? и на крај да ми дојде преку глава таквата кола?? Ма јок бре, јас СУМ ЗА укинување на "митот" дека само германските коли се најдобри и најквалитени и дека другите брендови не чинат и да се најде друга алтернатива што ќе ме кошта далеку поевтино а да добијам ист квалитет и долготрајност, арно ама за тоа одлучува мнозинството на купувачите од цел свет имајќи ги во обзир најбитните критериуми и референци. За мене најверодостоен податок е мислењето на народот и купувачот и неговото лично искуство а не некои си списанија или што ја ти знам глупости .

ПС: Дедо на семафори, отвара прозорeц на Југото и го прашува младичот со Bentley:
-Младичу а добри се овие коли? Влечат ли? Моторот добро им работи? Вода попуштат ли?
Младичот му одговара дека добри се овие коли и супер се , влечат убо и дрн дрн...А зашто прашуваш?
-Дедото: Па прашувам бидејќи ретко ги гледам низ град овие коли ;)

Поука: Koга немаш пари за подобра кола, и таа канта што ја возиш ти изгледа како вселенско летало.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Оценки за квалитетот на возилата во 2015 според AutoBild
« Одговори #29 на: 17 Декември 2015, 11:39:36 am »
Незнам од каде дека германските коли се најквалитетни. Јас мислам дека може да се согласиме генерално (нели секогаш има исклучоци) дека јапонските возила се најквалитетни. Да напоменам уште еднаш значи, тоа што голф користи подобар квалитет на материјали внатре, не го прави поквалитетен од пример една тојота аурис која што користи повеќе пластики. После 10 години веројатно на аурисот освен сервис редовен ништо нема да смениш а кај голфот можеби ќе цркне некој мал детал. Не дека голфот го ругам или нешто, ама реалноста е таа. Имаш подобро чувство во голфот отколку во аурисот ама самото тоа си носи и свои негативности.