Автор Тема: Помош со резолуција на екран?  (Прочитано 9573 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #30 на: 21 Ноември 2015, 09:39:46 am »
 Не е дека јас викам така, него законот, а погоре е и цитиран.
Знанчи ако производот не е користен.
Ако виндоусот е активиран, значи дека производот е користен.
Кај нас е тоа за жал.
Но мислам дека секаде се тие правила. Само таму не се противат толку многу.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #31 на: 21 Ноември 2015, 09:49:02 am »
Значи упорно тврдиш дека Bauer очекувал дека на дисплејот ќе има црна рамка... за тоа зборуваме наназад, дека бараше начин како да ја нема таа рамка, па отпосле се увиде дека така е нормално...
Јас му барам лаптоп, со тач, тој ми дава лаптоп со тач и рамка... е па не сум задоволен, сакам да го вратам и сакам друг лаптоп... никој не ми спомна дека е нормално да имам рамка на дисплејот (секако и во Сет појма немаат дали е нормално или не, сигурен сум :) )

Значи се оди натаму да купувачот има право да го замени производот ако не е задоволен од истиот, како и во секоја нормална држава. Ако ти и уште еден куп го негираш тоа, сигурно нема во потполност да се спроведи тоа.

Јас иам уште неколку примери со успешна замена на производ кој не ги задоволувал очекувањата :)
Црната рамка е by design, продавачот не му рекол дека ќе има црна рамка, ниту му обеќал дека нема да има.
Дали е резолуцијата соодветна?
Дали е димензијата на екранот соодветна?
Дали ќе беше се`во ред, доколку црната рамка од екранот беше покриена со пластика?
Тоа се прашањата. Јас сакам лаптоп со фрејмлес екран, ама имам со по 3 сантима црна пластика околу.
Да не се праиме сеа американци, таму навистина, може да вратиш продукт и без образложение. Кај нас, како што реков не сме на тоа еволутивно ниво за да постои таква опција. Камо среќа да испадне све најдобро за Bauer, ама чисто се сомневам дека има валиден разлог да бара замена или поврат на пари.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #32 на: 21 Ноември 2015, 09:49:56 am »
Тоа со користен е релативно.

Друг пример:

Часовник, Фосил. Не баш евтин. Купен и носен извесно време. Цело време мислевме дека е автоматик, затоа што никаде не пишеше КВАРЦ. Рикна батерија за неполна година. Оп не бил автоматик.

Во продавницата:

- Овај часовник не е автоматик, а никаде не пишува на него дека е со батерија... не сме задоволни... плус брзо ја троши батеријата.

- Одберете си друг часовник со изнсот на овој или можите да доплатите за друг.

Доплативме за друг.

Не сум задоволен од лаптопот, има црна рамка на дисплејот...

Ама не знам, не успева секаде ваљда...


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #33 на: 21 Ноември 2015, 09:51:27 am »
И само да не ти мириса убаво можеш да го вратиш, а камо ли па ако имаш и причина поголема.

Ама не треба да го користиш ако го враќаш. А не ти си го регистрирал на страната и слично. Јас стварно незнам каде си се залетал со 500 на саат прв ден да регистрираш и лиценцираш.

Пак ќе мора да го вратат само си искомплицирал и на себе и на нив.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #34 на: 21 Ноември 2015, 09:56:41 am »
И уште еден пример. Колега на татко ми од работа, пред некоја година, им купва на дечиштата лаптопче, некое шо му паднало в очи. Им го носи дома, децата ќефој. Арно ама дошло поголемото дете од комшиите и му рекло:
- Абе малце тапа е овај, за истите пари имаш со поубав процесор ама со помалку РАМ меморија... РАМ се достава, процесор не...

Оди човечево, му кажува дека не е задоволен од производот, дека очекувал побрз да е, дрн дрн јариња, па затоа го сака тој другио лаптоп со појак процесор (куроми разбира од процесор, ама детето од комшиите)... му го заменија :)
Е сега дали го активирал Виндоусот, или пак во тоа време сеуште даваа компјутери со инсталиран и активиран пиратски виндоус тоа не знам...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #35 на: 21 Ноември 2015, 10:04:41 am »
Примери со успешна замена и јас имам илјада. Ама е тоа поради добрата волја на продавачот. И ако не му смрдел на ливадско цвеќе и ако за исти пари можел да земе појак трактор, и што саатот не бил аутоматик ами кварц, се` е тоа поради добрата волја на продавачот. Видел дека ти ќе ги фалиш за тоа на карклаб форум, па рекол „ќе имам ќар“. Ама нема врска со законското право на потрошувачот да му биде заменет уредот. И џабе ќе се заканува со ДПС и слични глупости. Па дури и да дојде ДПС, и на суд да отидат, нема основ да му ги врати парите или да му го замени лаптопот. Барем јас не гледам, баш би сакал некој од правнициве да каже, ама јас не би пробувал со закани и оштар тон, туку би пробал со нормален муабет да го добијам тоа што сакам.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #36 на: 21 Ноември 2015, 10:12:46 am »
Во ред, нека биди на добра воља на продавачот.

Не знаеме дали онај шо ја купе камерата од салонот во кој шо работев бараше со Фул ХД, пошо се испостави и дека појма нема. Уште помалце шефицата. Си ја однесе дома камерата, му кажа детето од комшиите шо поќе разбира:
- Море глуп, требаше да си купиш Фул ХД шо снима, кај одиш со оваа, помина то време на ХД... дрн дрн...

Не знаеме ни шефицата како му ја продае камерата, не знаеме ни овај шо побара...

Одпосле дознајвме дека не ја сака камерата оти не е задоволен, сака Фул ХД... одпосле почна да се курчи продавачкава дека можи да продај шо сака, до толку ја бивало...
После натегање, ој кој те мати не ти ги враќам парите и не ти ја заменувам камерата, туп пазарна инспекција...

Курле ќе докажи шо разговор праеле кога му ја продавала оваа камерата...

Небитно... му ги вратија парите, благодарение на пазарна инспекција, а не на добрата воља на продавачот.

П.С. А и околу тоа фалењето или кудењето наоколу. Па да, нека го земат и тоа во предвид колку ќе имаат ќар или не :)
« Последно менување: 21 Ноември 2015, 10:23:16 am Ipkisija Meskosa »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #37 на: 21 Ноември 2015, 10:22:25 am »
Бауер, без разочарување, ќе се навикнеш едноставно. Користи си го и не мисли на тоа, сети се дека така е предвидено и тоа е тоа. И јас не можев да живеам со централната конзола на мојата кола но се навикнав и сега дури ми се допаѓаат централни конзоли.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #38 на: 21 Ноември 2015, 10:28:14 am »
А околу навикнувањето... да беееее, за лаптоп со тач зборавме ;D
Ќе се навикни. Исто како кога со комшиите ојдовме да купваме телевизор за дечиштата. В очи ни падна Панасоник (јас си ги поштовам Панасоник, иако во Турција ги склопуваат пичкаим мајчина). Убав на изглед, ама Панасоник имаат баш ваква рамка како овој дисплеј на лаптопот. Самсунг на пример нема...
Сме се нервирале со комшијата, ама пусти мерак, убав на изглед му беше, го купе.
И секој ден се заебававме:
- Те заебаа бе, ти скинаа од дисплејот, црна рамка гледаш... :)
Али после некое време не се ни приметува... ама сепак станува збор за ТВ, не за дисплеј на лаптоп кој го гледаш од блиску :)

Отсутен seat ibiza

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 184
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #39 на: 22 Ноември 2015, 18:28:12 pm »
Пробај со виндовс 7 види како ке се понаша

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #40 на: 22 Ноември 2015, 18:44:06 pm »
Исто ќе се понаша. Не е софтверски, тоа и купувачот го знае веќе. Причината е едноставна - да може да се користат и ивиците на сликата со допир.

Ме интересира само дали се одлучи да го вратиш компјутерот или не?

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #41 на: 22 Ноември 2015, 19:16:39 pm »
Не не напишав и во претдходниот пост, не планирам да го менувам, пошто ми одговара, го купувам за на работа,

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #42 на: 22 Ноември 2015, 19:36:21 pm »
Со здравје да си го користиш, и ич да не му се замараш на дисплејот :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.