Реално, муабетов за продавањето во моментов е тотално небитен и го затеравте во тотално погрешна насока.
Е сега.. Тоа дека разликата ќе биде 1.5 литри на 100 километри.. Тоа може да биде ако праиме споредба на возилата на отворен пат при константна брзина. Иначе, во реалниот свет - очекувај разлика од најмалку 2, во реалноста 3 па и повеќе литри.
Јас возам 2.0 TDI во Голф 6, татко ми вози 1.4 TSI во Голф 6. Мојот просек во град е рамно 7 литри на последното полнење, на татко ми просекот му е околу 10, а татко ми вози значително подефанзивно од мене. Да не праиме муабет дека на отворен пат разликата е исто така значителна - зборувам, бидејќи сум ги возел двете коли до Солун и назад.
Конечно, нешто што мене ми е важно, на други можеби нема да им биде - ама со дизелот поретко ќе одам на пумпа. Тоа е.
Јас би одел на дизел. Едноставно, повеќе ми одговара со ваков вид на возило. Плус со DSG.. Мерак.