Автор Тема: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150  (Прочитано 10230 пати)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« на: 19 Ноември 2015, 03:10:31 am »
Како што кажува насловот, двете возила би биле исти, разликата е само во моторот.

Skoda Yeti TSI 150 vs TDI 150


Двете опремени со 4х4 и Outdoor пакет со Style ниво на опрема, двете со 6 степен DSG менувач. Разликата во цена на ново е грубо земено 4000 еур.


За ТДИ 150 горе долу ми е познато, некое искуство со ТСИ 150 во Јети? Вака гледано, да земеме дека бензинот во просек троши 1.5Л повеќе од дизелот (7 vs 8.5), со моменталните цени на горивата (49.5 дизел, 64.5 бензин), математиката е следна:

100км со ТДИ 150 = 346.5 денари

100км со ТСИ 150 = 548.25 денари

Разлика во цена за изминати 100км = 201.75 денари



Ценовната разлика од 4000 еур би се исплатила после 121 933 изминати километри.


Годишно со возилото се врви 20К км



Што би избрале? ТСИ 150 или ТДИ 150
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #1 на: 19 Ноември 2015, 03:18:30 am »
Во есапот ти фалат сервисите и остаточната вредност. Провери колку се сервиси за првите 100Kkm за двете возила. Дизелот секогаш ќе го продадеш поскапо за од прилика онолку % колку и што ќе го купиш поскапо.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #2 на: 19 Ноември 2015, 07:29:50 am »
Јас би 1.4 тси зошто ако планираш дизелот да го имаш подолго време а го возиш во град како Битола, не верувам дека ќе издржи долго ДПФ-то. А вадење ДПФ и такви ствари јас лично не би се нафатил на нова кола.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #3 на: 19 Ноември 2015, 07:33:22 am »
И во наши услови дизелчето побрзо ќе го продадеш. Ем ни дизелот не е 7л/100 просек, а бензинот уште помалку 8.5л/100. Јас во секој случај, би избрал бензинец заради полинеарно распоредување на торкот низ вртежите и генерално порафинираната работа на моторот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #4 на: 19 Ноември 2015, 07:39:24 am »
Само ТДИ. На старо нема да го продадеш ТСИто. Или ќе го дадеш околу 4000еур поефтино од ТДИто. И на крајот ќе си во загуба.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #5 на: 19 Ноември 2015, 07:42:59 am »
Абе човекот ве прашува која кола да ја купи, а не која да ја продаде полесно.

Што ако не планира да ја продава воопшто?

Јас сум за бензин. Во комбинација со ДСГ е правата ствар.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #6 на: 19 Ноември 2015, 07:54:53 am »
Па тоа му кажуваме. Која да ја купи.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #7 на: 19 Ноември 2015, 08:11:22 am »
Само ТДИ. На старо нема да го продадеш ТСИто. Или ќе го дадеш околу 4000еур поефтино од ТДИто. И на крајот ќе си во загуба.
Има екстремен недостаток на логика во кажаново...Според тоа возилото добива на вредност со годините поради дизел моторот...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #8 на: 19 Ноември 2015, 08:19:19 am »
Не, за жал бензинецот ја губи многу побрзо.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #9 на: 19 Ноември 2015, 08:22:57 am »
јас би одел на TDI. солидна километража поминуваш, најверојатно со таа годишна километража сигурно само низ град не ти е возењето така да немаш утка.

на крајот останува тебе што ти прави повеке мерак бензин или дизел

а за продавање кога ке се решиш еден ден, да дизелот побрзо и со подобра цена ке го продадеш

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Одг:
« Одговори #10 на: 19 Ноември 2015, 08:40:48 am »
Не, за жал бензинецот ја губи многу побрзо.
Затоа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #11 на: 19 Ноември 2015, 09:02:36 am »
Филип, синко, ако си сериозен ти за Јети, зврцни му на Чичко Класен, да видиме што може да се направи. ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #12 на: 19 Ноември 2015, 09:20:22 am »
Не, за жал бензинецот ја губи многу побрзо.
Како сакаш кажи го!
Но ако на ново раазликата била 4000 евра, пример 24000 наспроти 20000, по 10 години кога ќе ги продаваш сигурно на едното нема да му биде цената 4000, а на другото 8000! туку ќе биде 4000 со 5000...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #13 на: 19 Ноември 2015, 09:25:11 am »
Сигурен си? :) ама ќе биде 10 со 14 за неколку години. Тоа зборувам.

Ама ајде ете процент нека биде...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Skoda Yeti - TSI 150 vs TDI 150
« Одговори #14 на: 19 Ноември 2015, 09:45:26 am »
Абе се утепаа шкоди купување на старо. Се знае во Македонија. Ако не е голф или пасат тди продавање малце потешко.

Кола не се купува ако главната цел ти е после 10 години да ја продадеш повеќе зошто е дизел. Се е збир од неколку параметри, продажна цена на ново, на старо, амортизација, сопствено задоволство тди вс тси, можни проблеми со ДПФ понатака ако се вози исклучиво во град, сервиси итн.