Преместено.
1. Провери ги грејачите, можно е некој да не е Ок, па да прави така, може и да е нешто друго, доста гареж се нафаќа во усисните канали со тек на години

2. Би требало, (но не сум сигурен) кога ќе се упали ESP/ASR, на инструмент да ти „светне“ некое жуто сијаличе со гума со камчиња, или слично. Без разлика на верзијата, појака/послаба, можно е да нема ESP/ASR (моето стило исто има ABS 5.7 и нема ESP/ASR)
3. Потрошувачка од 7.5л во град е нормална за тоа возило

За другите прашања:
Амортизер (односно граничник), на возачката врата ќе најдеш или на ибеј, или во Ауотомобиле Ск - јас од второво место купив кога ми се скрши сувозачката. Со среќа, кој ќе ја мести - се растура тапацир и механизам за прозор на вратата

Километражата ти трепка, затоа што е потребно да се направи Proxy Alignment. Очигледно нешто е сменето на Стилото, дали инструмент табла, дали боди компјутер, или нешто друго...
Веројатно со ново радио ќе си го решиш проблемот - или старо цркнато радио да најдеш, па само дисплеј да смениш...
Ако си од Скопје, може да ѕирнме некои работи како на пример прокси алајнмент, дали има ЕСП/АСР, и слични работи
Ќе компензираме со некое ќебапче - не е проблем
