Од четвртокот па наваму возам Суперб.


Не знам точно со кое ниво на опрема е. Опремен е со 2-литарски TDI со 150 коња.
- Визуелно ми се допаѓа. Задниот дел не ми е толку убав као остатокот од колата.
- Му требаат број поголеми бандажи и дискретно спуштање за да изгледа ептен добро.
- Дефинитивно подобро изгледа во некоја посветла боја. Црн изгледа ептен утепано.
- Забележително е помек од Passat-от.
- Маааааааалку е побучен од Passat-от на повисоки брзини, но генерално е меѓу најтивките автомобили во класата.
- Пластиките во Пасатот се за нијанса подобри.
- Има
многу простор. Стварно ми е тешко да објаснам колку простор има. Повеќе простор него во нова Е класа.
- Багажникот е со 5-та врата. Прекрасно. Вака би требало да се сите седани.
- Супер-лесно серво.
- Контроли за клима и на задна клупа. Со оглед на тоа дека задната клупа actually би се корисетела, тоа е убава работа.
- Фини и меки контроли (мењач, педаљи, волан).
- Голем. Огромен. Брод. Обавезно мора најмалку сензори за паркирање. Уште подобро - камера.
- Огромен чекор напред во поглед на материјали во ентериер.
- Комотно. Лебди преку македонскиве „патишта“. Супер-комотно на 170 на саат на автопат. Браво.
Една од ретките коли за кои што стварно ми е тешко да најдам забелешка.
Ако некој сака нешто да праша, бујрум. Колата е кај мене до Понеделник. Кој сака да ја види, бујрум утре вечер на Средно Водно.
ЕДИТ: Цел тест: http://www.carclub.mk/2015/10/29/test-skoda-superb-2-0-tdi-ambition-koga-imeto-sovrseno-odgovara/